Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа за НоваТВ: Најтешкиот испит за професорот Димитар Ковачевски

0
By Mirjana on December 16, 2021 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 10:30

Пишува д-р Марјан Ѓуровски

На Бихаќка бб беше извршено примопредавање меѓу стариот и нов лидер на СДСМ. Најголем предизвик за новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е со конкретни кадровски чекори и редефинирани политики да потврди дека нема да дозволи да има епизодна улога.

Тандемот Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ заслужува фер и искрена шанса. Во најмала рака е политички недостојно, после оставката на Заев, постојните министри, без разлика колку и да мислат дека биле успешни, да не почуствуваат потреба да дадат неотповикливи оставки и да се даде простор за кадровски ремонт кој е неопходен за да се создаде минимум шанса за враќање на довербата на граѓаните.

Зарем само Заев е одговорен за лошите резултати на локалните избори?!

Политичка дрскост е да се верува дека оставката на Заев е доволна. Тоа не е формула за обединување на партијата. Зарем само тој е одговорен за лошите изборни резултати на локалните избори?! Доколку сакате да барате резултати од новото раководство на СДСМ, не може да не им оставите да направат автентичен владин и партиски тим, ослободен од трули компромиси. Со заминувањето на Зоран Заев треба да заминат сите негови кадровски владини решенија и сите од СДСМ во Владата треба да го следат неговиот пример, кој е реткост во политичката култура и заслужува почит.

Сегашната разлика од најмалку 80.000 гласови во прилог на опозицијата постои ризик и да се дуплира доколку останат истите актери кои кумуваат на оваа состојба. Јалова е дилемата кој ќе дојде ако тие си заминат зошто некој од нив се убедени дека без нив нема реформи. Тоа е тешка заблуда!

Логиката упатува на заклучокот дека е демократски исправно на новото раководство предводено од двоецот Ковачевски и Зечевиќ да му го отстапиш правото да стори се што е во негова можност да ја врати партијата на победнички патеки.

Потенцијално идно раситнување на СДСМ?!

Лобирањето, пазарењето, за да се остане на функциите по секоја цена ќе биде уште потешко казнето од граѓаните на следните избори. Затоа, доколку Зоран Заев е искрен до крај, треба без двоумење да побара од сите министри од СДСМ да се повлечат. Изговорите дека треба да се задржи поголем дел од постоечките кадри за да не се раслои партијата е токму инвестиција во потенцијално идно раситнување на СДСМ преку формирање на најмалку уште една нова политичка партија.

Ако се остварат прогнозите дека составот на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ ќе доживее само козметички измени, тогаш јавноста ќе има целосно право да се сомнева дека со изборот на Ковачевски свесно се жртвува партијата, која на таков начин ќе продолжи забрзано да се движи кон длабока опозиција од најмалку 8 години.

Авторот е  универзитетски професор 

анализа Најтешкиот испит за професорот Димитар Ковачевски Проф.Др. Ѓуровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.