НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГОРДИТЕ РОДИТЕЛИ НА БЕХРА: Пресреќни сме што Бехра конечно е дома со нас, ја оставивме во рацете на докторките и на Господ, и фала им што сѐ испадна како што треба

0
By НОВА ТВ Balaban on December 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Садетин и Несрин Узеирови не можат да ѝ се изнагледаат на својата ќеркичка Бехра, која завчера стаса во својот дом во велешкото село Јаболчиште, по 67 дена поминати на интензивните одделенија на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Таа е бебе – херој, родена е предвреме на 8 октомври, со тежина од само 665 грама, со должина од 30 сантиметри, а од клиниката беше испишана со 2.190 грама телесна тежина. Состојбата била многу сериозна, а за да преживее, бебето Бехра морало да дише и преку машина за вештачко дишење.

– Пресреќни сме што нашата прва рожба, Бехра, нашиот цвет, конечно е дома со нас, ни внесе светлина и радост во куќата. Супер е ќерка ми, мирна е, а плаче само кога сака да пие млекце и кога ќе ги наполни пелените, ама јас уште не ѝ ги менувам и не ја преповивам, зашто ми е страв. Многу се исплашивме на почетокот – таа се роди предвреме, немаше доволно плодова вода….а тежеше само 600 грама. Оставивме се на докторките и на Господ и, фала им, што еве се испадна како  што треба!, раскажува таткото Садетин, кој од завчера ги чести во селото роднините, соседите…се служат пијалоци, татлии и други слатки…во чест на  големата радост – Бехра.

Тој работи на патарина, па од големата радост за малку ќе почнел и да ги чести и возачите кои поминуваат на наплатната рампа…

– Неизмерно сме им благодарни на сите вработени на Гинекологија што помогнаа да се случи ова чудо и Бехра, еве, да излезе жива и здрава од клиника, и на д-р Арта Бина од одделот за патолошка бременост и на другите кои дење-ноќе се грижеа за нашето бебе. Ние можевме само телефонски да се интересираме како е Бехра, а сестра ми, случајно, се погоди таму на пракса, па  она можеше барем да ја ѕирне за миг и да ни раскаже…Во почетокот кога остана толку мало бебе во инкубатор многу се плашевме како ќе закрепнува, па и да не фати корона, ама за среќа, се помина одлично…Бехра почна да добива на тежина, да напредува, а на нејзиното напредување барабар со нас се радуваа и докторките и сестрите од неонатологија, најзаслужни за овој среќен исход за потајно се надевавме и верувавме… Радосни сме што тешките моменти цели два месеци на Клиника успеаја да ги пребродат, па сега и плачот на Бехра ни звучи како најубава песна – раскажува гордо 26-годишниот татко Садетин, кој за приновата во семејството зборува и во името на мајката Несрин, која се грижи за бебето.

Сите во Јаболчиште веќе разбрале за убавата вест, а најблиските веќе  подготвуваат и новогодишно пакетче за најмалиот жител на селото.

Од Клиниката завчера информираа дека, за среќа, во рамки на екстремната незрелост, намалената отпорност и малата родилна тежина и целокупниот третман, новороденото се испишува во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.

Љубица Балабан

Бехра инкубатор Јаболчиште Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје Садетин и Несрин Узеирови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.