Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алтернатива предложи: Беким Сали – министер за здравство, Адмирим Алити – министер за администрација, Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието, Орхан Муртезани – директор на МЕПСО

0
By НОВА ТВ Balaban on December 18, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 18, 2021 21:28

Алтернатива вечерва, по седницата на Централното претседателство, ги обелодени предлозите за повеќето кадровски решенија во новата влада – Беким Сали за  министер за здравство, Адмирим Алити – министер за администрација и информатичко општество, Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората, Орхан Муртезани – директор на МЕПСО и други.

Со соопштение од Алтернатива информираат дека „Централното претседателство дискутирало за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата“.

Во соопштението се додава

„Во колегијална атмосфера и со почит, Централното претседателство дискутираше за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата. Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива унанимно го прифати неговиот предлог.

Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:

– Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;

– Беким Сали – министер за Здравство;

– Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;

– Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;

– Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;

– Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;

– Даим Лучи – заменик министер за Култура;

– Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;

– Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;

– Дритан Беџети – директор на ПИОМ;

– Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“, –

– Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;

– Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.

На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.

На крајот претседателот Африм Гаши, честитајќи им на предложените носители најавни функции, побара од нив задачата што им е доверена да ја вршат со достоинство, почит и во согласност со политичките и етичките начела на Алтернатива“, се вели во соопштението.

Алтернатива кадри предложи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.