„Податоците за клиничката сериозност на Омикрон сè уште се ограничени“, соопшти СЗО. „Потребни се повеќе информации за да се разбере, вклучително и како сериозноста влијае на вакцинацијата и постоечкиот имунитет.
Варијантата Омикрон на коронавирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување на вирусот во заедницата, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа е поради способноста на вирусот да го избегне имунитетот, неговата способност да ја зголеми преносливоста или е комбинација од двете, според СЗО, пренесе Хина.
Агенцијата на 26 ноември го опиша Омикрон како варијанта која предизвикува загриженост, набргу откако првпат беше откриен, а варијантата сè уште не е доволно позната, ниту пак сериозноста на болеста што ја предизвикува.
„Податоците за клиничката сериозност на Омикрон сè уште се ограничени“, соопшти СЗО. „Потребни се повеќе информации за да се разбере, вклучително и како сериозноста влијае на вакцинацијата и постоечкиот имунитет.
Се напоменува дека достапните податоци сè уште се ограничени и нема потврдени докази за ефикасноста на вакцината или делотворноста за Омикрон.
СЗО предупреди дека на некои места болниците би можеле да бидат преоптоварени со толку брз раст на случаите.
„Хоспитализациите во Обединетото Кралство и Јужна Африка продолжуваат да растат и со оглед на брзиот раст на случаите, можно е многу здравствени системи брзо да се преоптоварат“, соопштија од СЗО