Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео)„Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање назад-добредојдени се сите земји од Западен Балкан

0
By Mirjana on December 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 14:45

Со неколку меѓусебно потпишани договори и со заедничка прес конференција на која беше образложено досега направеното и беа споделени визиите за во иднина, како и со благодарност  за поддршката до САД и ЕУ и покана и охрабрување до Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово да се приклучат, заврши уште еден состанок на врвот на иницијативата „Отворен Балкан“ чиј  домаќин беше  Република Албанија.

На заедничката прес конференција, премиерот Зоран Заев остави аманет да се продолжат активностите  поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“ зашто тоа е процес од кој нема враќање назад, вели и кој води кон поголема соработка и кон слободно движење на стоки, услуги, капитал и добра.

-Ова го правиме за  Западен Балкан да биде важен, реален дел од секојдневниот живот на граѓаните да стане единствен пазар на работната сила за  што денеска го потпишавме договорот  и да им овозможи на граѓаните непречен пристап до пазарот на труд , и до полесно развивање и поврзување на економијата за нашите народи да почувствуваат  директни економски придобивки. Со оваа иницијатива правиме Балканот што побрзо да се европеизира, но наше е и кога не отфрла ЕУ секогаш да наоѓаме начини да ги споделуваме и имплементираме европските вредности. Но треба да се знае дека „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ туку засилувач кон ЕУ и процес од кој нема враќање назад, изјави Заев.

Претседателот на Србија,  Вучиќ истакна дека е многу среќен што по две години од првенствено споделената визија со заедничка и напорна работа трите земји иницијативата ја довеле до степен да потпишуваат и конкретни договори.

– Овде  не станува збор за голема Србија, или Голема Северна Македонија или  Голема Албанија , овде станува збор како да ги привлечете луѓето и сакам да истакнам дека секој човек и семејство од Македонија и од Албанија се добредојдени и за нив Србија е втор дом, исто како што ние се чувствуваме во Скопје и во Тирана  како дома. Ги покануваме Подгорица, Сараево и Приштина ова не е иницијатива градена врз политика туку за да направиме конкретни нешта. Да ги привлекуваме луѓето да одат, да стопанисуваат да работат од една во друга земја, да ги урнеме границите да има слободен простор , ќе ги намалиме патарините, да има попусти во рестораните и хотелите.Оваа иницијатива ќе го промени лицето на Балканот, изјави Вучиќ кој му искажа добредојде на новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски , кој беше претставен дека ќе го замени Заев  на премиерската функција.

На прес конференцијата се обрати и домаќинот премиерот на Албанија, Еди Рама .

– Дозволете ми да поминам низ секој столб на Отворен Балкан со повторување на повикот за сите да се приклучат, бидејќи Отворен Балкан е инклузивна иницијатива и секако охрабрувајќи ги другите три земји во регионот да бидат дел од овој напор,за да одиме напред за доброто на нашите народи. Во областа на слободата на движење на стоки ќе биде потпшан трипартитниот договор за извоз, сточарство и признавање на сертификати за акредитација и олеснување на извозот и увозот на стока, како и договорот за соработка во областа на ветеринарната медицина, храната итн.Секогаш кога сме зборувале за ова, преку Берлинскиот процес, тоа го прави „Отворен Балкан“. Можеби звучи технички, но договорот претставува пресвртница на овој пат. Тоа практично ја отстранува постојаната бариера за отворените земјоделци. Отворениот Балкан е повеќе стремеж отколку иницијатива. Тоа е чекор напред кој го отвора Балканот и го подготвува за интеграција во ЕУ, рече меѓу другото Рама.

Наредниот состанок на „Отворен Балкан “ ќе се одржи кон крајот на февруари 2022 година а домаќин ќе биде Република Северна  Македонија.

М.Т.

Вучиќ и Рама Заев прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.