Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На УКИМ задутре ќе се промовира зборникот „Конески на 11 јазици“

0
By НОВА ТВ Balaban on December 21, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 15:36

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) на 23 декември ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од преводите на учесниците од напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик на Првата зимска школа и на 54. Летна школа.

МСМЈЛК при УКИМ ја отвори манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ кон крајот на јануари, поточно од 25 јануари до 5 февруари кога ја организираше Првата зимска школа на далечина (онлајн) што одлично се вклопи во целокупната национална платформа.

– На оваа активност, се надоврза и 54. Летна школа што се одржа од 15 август до 2 септември, која по пауза од една година повторно беше на своето старо, добро место – во Охрид. Групите семинаристи од двете школи кои својот интерес го насочуваат кон изучувањето на македонската литература и култура и кон преведувањето од македонски кон другите јазици како еден креативен чин беше составени од професори, преведувачи, докторанти и магистранти по македонистика, како и од студенти по македонски јазик и македонска литература, заедно со своите лекторки Роза Тасевска и Весна Мојсова-Чепишевски, потпомогнати со помладите колеги Јован Ковачевски и Елена Ѓорѓиовска, се најголемите „виновници“ за ова второ/дополнето издание на Зборникот „Конески на 11 јазици“, соопшти МСМЈЛК.

Ова е второ или дополнето издание на Зборникот во кој, како што наведуваат, покрај препевите на песни и преводите на (кратки) прозни текстови од Конески, влегуваат и првите преводи на дел од култната книга „Разговори со Конески“, и тоа на руски, српски и словенечки. Во овој Зборник се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странските македонисти: академик Зузана Тополињска, академик Иван Доровски, академик Виктор Фридман и академик Горан Калоѓера.

Во него се објавуваат препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК за време на двете школи што се одржаа во Блажевата 2021 година. Така, Конески може да се чита на 11 јазици и тоа на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик.

Промоцијата на зборникот „Конески на 11 јазици“ ќе се одржи виртуелно, на платформата Зум, на 23 декември 2021 година, со почеток во 12 часот, а со свечена реч, како што најавија организаторите, ќе ја отворат министерката за култура Ирена Стефоска и ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Руската федерација и Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Република Словенија. Настанот ќе биде збогатен со обраќањето на Роза Тасевска (лектор по македонски јазик на повеќе странски универзитети), како и на семинаристите преку читање на своите преводи на Конески.

Зборникот е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ и се организира во рамките на Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

„Конески на 11 јазици“ МСМЈЛК УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.