Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со измерени -13 сетепени. На Попова Шапка се измерени -12 степени, во Крива Паланка -11, во Скопје и во Битола -10, во Штип, во Куманово, во Демир Капија, во Дебар и во Крушево -9, во Тетово, во Прилеп и во Струмица -8, во Охрид -7, во Гевгелија -5 и во Дојран -4.
„Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум“, информираат од УХМР.