Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од градоначалник на Струмица до кандидат за Нобел: Заев по четири и пол години замина и од премиерската функција

0
By Sashko on December 23, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 13:41

Зоран Заев по четири и пол години на чело на Владата замина од премиерската функција. Собранието денеска ја констираше неговата оставка која тој ја оцени како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

Заев, кој неодамна го напушти и лидерското место во владејачката СДСМ на чие чело беше од 2013 година, ја извршуваше функцијата претседател на Владата од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

Во неговиот премиерски мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, но не успеа да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ поради блокадата од Бугарија. Заев го потпиша Договорот за стратешко партнерство, пријателство и добрососедство со Бугарија во август 2017, а во јуни 2018 година неговата Влада го потпиша Договорот од Преспа со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името.

Заев, заедно со поранешниот грчки премиерот Алексис Ципрас, е добитник на наградите Евалд Фон Клеист, Меѓународниот мир на Вестфалија за 2020 година, Хесијанската награда за мир 2020 и Наградата за развој на Европа за најдобра практика во промовирање на соработка, единство, вклучување разновидност и позитивно размислување. Двајцата лидери беа номинирани и за Нобеловата награда за мир во 2019 година. Неодамна, премиерот Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Берлин.

Од 2003 до 2005 година, Зоран Заев беше член на македонскиот Парламент, по што се кандидираше за градоначалник на Струмица, позиција што ја извршуваше во три последователни мандати – од 2005 до 2016 година. Во 2008 и 2009 година градот ја освои највисоката национална награда за животна средина, додека како градоначалник, Заев ја доби наградата за најдобра практика од Советот на Европа за првото јавно приватно партнерство во земјата.

Тој беше избран за лидер на владеачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) од 2013 година, откако беше заменик-претседател на партијата помеѓу 2006 и 2008 година. Заев е член на СДСМ од 1996 година.

Во 2015 година, тој ја започна кампањата „Вистината за Македонија“ во која беа објавени серија телефонски разговори и други материјали во кои се инкриминараше за корупција и криминал на владата на тогашниот премиер Никола Груевски.

По парламентарните избори во декември 2016 година, земјата западна во политичка криза, откако тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов одбиваше да му го додели на Заев мандатот за составување на новата Влада предводена од СДСМ. Случувањата кулминираа на 27 април 2017 година, по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, кога во законодавниот дом упаднаа стотици симпатизери на тогашната власт во заминување, при што беа предизвикани насилства во кои беше повреден и Заев, кој имаше раскрвавена глава.

Зоран Заев е економист и магистер по монетарна економија.

Неговото место во СДСМ по неодамнешните внатрепартиски избори го презеде Димитар Ковачевски, кој се очекува да го наследи и на премиерската функција.

Зоран Заев Кариера Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.