Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови мерки во Грција – маската задолжителна и на отворено, за туристите тест и на вториот и на четвртиот ден

0
By НОВА ТВ Balaban on December 24, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 10:54

Посетителите што доаѓаат во Грција, освен задолжителниот ПЦР од 72 часа или рапид тест од 24 часа, бидејќи имаме индикации дека кај многумина болеста се појавува по направениот ПЦР или рапид, ќе бидат обврзани со силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата, за да можеме да следиме дали се заболени, рече вчера Плеврис

Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција, па така, задолжителна е и на затворено и на отворено, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 300 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од шест часот утрово, во Грција стапија во сила новите мерки што вчера го соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, а освен задолжителната употреба на маска секаде, се воведува и задолжителна двојна маска (хируршка и платнена) или маска со висока заштита КН95 за супермаркетите и јавниот превоз.

Паралелно се откажуваат сите јавни божиќни и новогодишни манифестации, а постои силна препорака за тестирање, како на посетителите кои пристигнуваат во Грција, така и на граѓаните пред празничните собири.

– Посетителите што доаѓаат во Грција, освен задолжителниот ПЦР од 72 часа или рапид тест од 24 часа, бидејќи имаме индикации дека кај многумина болеста се појавува по направениот ПЦР или рапид, ќе бидат обврзани со силна препорака да го повторат тестирањето на вториот и на четвртиот ден по нивниот влез во земјата, за да можеме да следиме дали се заболени, рече вчера Плеврис, додека пак на новинарско прашање објасни дека за туристите, постои силна препорака за тестирање со фактот дека е „многу тешко, речиси невозможно да се контролира“.

Новите мерки ќе важат до 3 јануари во шест часот наутро, додека пак веројатно е дека по празниците ќе бидат воведени нови мерки.

Плеврис, рече дека мерките се во две фази, првата од денеска, а втората од 3 јануари 2022 години.

За вториот пакет мерки по Нова година, надлежната комисија на епидемиолози во понеделник, ќе одржи состанок за да ги разгледа новите податоци и да ги прецизира деталите.

Во втората фаза, од 3 јануари, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

Министерот за здравство на Грција истакна дека во секој случај, новите мерки и првиот пакет и вториот по Нова година,  нема да упатуваат на евентуален локдаун и целосен карантин, нема да се воведе задолжително праќање смс за излегување, а волјата на Владата е да не се затворат училиштата.

Како што е и досега пракса во Грција, мерките во внатрешноста на земјата, освен за Грците, важат и за туристите.

Грција Маската се воведува
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.