Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ обвинува дека градоначалникот на Гази Баба ја наполнил општината со партиски кадри и семејни кланови, на потег е Антикорупциска

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 27, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 27, 2021 14:02

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски за неполни два месеца, откако стапна на челната позиција се соочува со обвинувања за непотизам и партизација на администрацијата, но и со барања на граѓаните за истрага од Антикорупциската комисија.

Советниците од СДСМ во неколку наврати објавија податоци за вработувања не само на, како што велат партиски војници, туки и на брачни двојки, вдомени во општината.

Стефковски кога седна во градоначалничкото столче сакајќи да покаже дека новата локална власт домаќински ќе ги троши парите на граѓаните се откажа од користење на службено возило, како и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација, но за кусо време во првите месеци од мандатот е прозван дека општинската администрација во Гази Баба, предводена од ВМРО-ДПМНЕ станала легло на непотизам, како што го обвини советничката од СДСМ во општина Гази Баба Сузана Трпковска.

Според тврдењата на Трпковска, семејството Стојковски, односно Невенка Стаменковска Стојковска, поранешна заменик министерка за информатичко општество и администрација и пратеничка е вработена во Општината во која работи и нејзиниот сопруг Дарко Стојковски. На социјалните мрежи неодамна беше споделено и барање од општинскиот Сектор за инспекциски работи до Државниот пазарен инспекторат во врска со проблеми со дивите продавачи, потпишано од инспекторот Стојковски, кој ја контролирал работата, а одобрила  неговата сопруга Невенка.

Нова ТВ побара одговори од надлежните во општината Гази Баба од каде што ни потврдија дека сопружниците се вработени во општината, но тврдат дека не станува збор за вработувања направени откако е дојден новиот градоначалник, ниту за непотизам затоа што Стаменковска Стојковски е именувана на новата функција по изборите.

– Точно е, дека Дарко Стојковски е вработено лице во општина Гази Баба од 2014 година, додека Невенка Стаменковска Стојковски е именувана со решение за секретар на општина Гази Баба во 2021 година, по претходно спроведена постапка за преземање од Агенција за странски инвестиции, додека моменталната раководна функција, секретар на општина Гази Баба е со утврден мандат, велат од општината Гази Баба.

Дарко Стојковски, велат надлежните за Нова ТВ, е вработен во општина Гази Баба со договор за привремени вработувања од 01.08.2014, а потоа од 07.04.2015 година е вработен со решение на неопределено време.

– Од денот на вработувањето, па до денес тој е на позиција инспектор за домување. Што се однесува до лицето Невенка Стаменковска Стојковски, истата со решение е именувана за Секретар на општина Гази Баба на ден 17.11.2021 година, велат од општината.

Според општинската власт, апсолутно се неточни обвинувањата дека станува збор за непотизам и дека  СДСМ не може да прифати дека нивното време во општина Гази Баба заврши.

– Изминатите 50 дена, општина Гази Баба ја живее својата обнова. Започнати се со реализација голем број на проекти, асфалтирани се локални улици во должина од скоро 2.000 метри, започната е втора фаза на фекална канализација во населено место Гоце Делчев, прва фаза фекална канализација во Страчинци, се решава проблемот со водоснабдувањето во Брњарци. Едноставно, општина Гази Баба се гради и менува, велат од кабинетот на градоначалникот.

Советничката пак, Трпковска тврди дека освен сопружниците Стојковски во општината има еден куп други вработувања. Така, според Трпковска, Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината. Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам.

Ова, според Трпковска, е пример за непотизам, пример за груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, вели Трпковска- партијата предводена од Христијан Мицкоски е симбол за непотизам и партизација на општините.

Во општината Гази Баба ги демантираат и овие наводи и тврдат дека Габриела Десподовска била вработена во 2005 година, а нејзиниот сопруг станал советник на последните локални избори. И во врска со вработувањето на Тина Каровска, општинските власти препознаваат тенденциозни обвинувања затоа што и раководителката на одделение за градежно земјиште во секторот урбанизам била порано вработена. Сепак, овие наводи, како и обвинувањата на советниците од СДСМ, јавноста очекува наскоро да ги провери Антикорупциската комисија.

Стојанка Митреска

Гази Баба Невенка Стаменковска Стојковски непотизам Сузана Трпковска.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.