НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избор на АМС: Георгиевски и Акиевска се најдобрите македонски спортисти за 2021 година

0
By Sashko on December 29, 2021 СПОРТ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сребрениот олимписки медал од Игрите во Токио на таеквондистот Дејан Георгиевски му го донесе признанието „Најдобар македонски спортист за 2021 година“, а наградата во женска конкуренција ја освои Мери Акиевска која освои четири златни медали на Светското првенство во фитнес и боди билдинг.

Нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата татковина. Благодарност до сите и до целата македонска јавност за пречекот на плоштадот во Скопје. Вие и Македонија сте мојот мотив да продолжам со нови успеси, одиме (на Олимписките игри) по злато, изјави Георгиевски, кој на игрите во Токио го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми и на македонскиот спорт му го донесе првиот олимписки медал по пауза од 21 година.

Наградата на Георгевски на 67. по ред традиционална манифестација „Спортист на годината“, што вечерва се одржа во Македонскиот народен театар, му ја врачи шефот на државата, Стево Пендаровски.

Огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет за големата поддршка, како и до мојот фитнес клуб „Магнус“. Од овој момент можам да ветам дека заедно со мојот стручен тим ќе се подготвуваме барем уште еднаш да го повториме овој успех и македонската химна повторно да ечи и сите да ја слушаат, изјави Акиевска на свеченоста во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски.

Најуспешен млад спортист за 2021 година е Столе Смилковски (карате), додека, во женска категорија, најуспешна млада спортистка е Ива Младеновска (ракомет).

Наградата за најдобар тренер припадна на Борче Костовски (таеквондо).

Најуспешен машки национален тим за 2021 година, според АМС, е фудбалската репрезентација на Македонија, додека од женските национални тимови најдобра е Кадетска ракометна репрезентација.

Најуспешна национална спортска федерација е Македонска Таеквондо федерација.

Најуспешен училишен спортски клуб во основно образование е „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, додека, во средното образование најуспешен спортски клуб е „Свети Наум Охридски – 2018“ од Скопје.

АМС Дејан Георгиевски Манифестација Мери Акиевска спорт Спортист на годината
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.