Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Опозицијата со 180 амандмани ги блокира измените за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 3, 2022 12:33

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ.

Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето на претходната мисија, да има престој од 24 месеци во Министерството за надворешни работи, до следниот мандат.

– За да го објаснам контекстот,  за да се испратат дипломати на тригодишен мандат, покрај другите критериуми, треба да исполнат уште еден критериум, а тоа е две години најмалку да биле во Скопје во МНР од завршувањето на претходниот мандат. Значи 24 месеци требало да поминат од враќањето од претходниот мандат. Бидејќи претседавањето со ОБСЕ е вонредно, една вонредна специјална мисија во која што дипломатите ќе одат не на цел мандат, туку на 14-15 месеци и за да не бидеме ограничени во изборот на дипломати коишто ќе ги испратиме, затоа пратениците откако им ја објаснивме оваа проблематика, предложија измени на еден став, односно за претседавање како што е ОБСЕ, односно за вакви специјални мисии, да не важи ограничувањето 24 месеци, наведе Османи.

Тој додаде дека и покрај тоа што опозицијата била информирана навреме, сепак поднеле 180 амандмани.

– Опозицијата беше информирана навреме, затоа што јас ги информирав и претставниците на опозицијата и претставниците на Владата. Претставниците на Владата прифатија да помогнат во овој процес, претставниците на опозицијата иако не најавија дека имаат каква било забелешка, сепак излегоа со 180 амандмани, од кои некои смешни, провокативни, само да го блокираат процесот којшто нема врска со никаков владин, партиски, политички интерес. Едноставно да можеме да ги избереме најдобрите за најголемиот надворешно-политички предизвик и привилегија што ја има државата. Ваква можност немала една мала држава, да раководи организација од 57 земји-членки каде што се и САД, и Русија и најголемите држави во светот и ние ќе ја претстедаваме таа Организација во текот на цела година, вклучувајќи како копретседавачи една година порано. Тоа беше целта на таа измена. Се надевам дека ќе можеме сега да пристапиме понатаму кон овие измени за да ги создадеме сите логистички предуслови за едно ефикасно претседавање, истакна Османи.

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата.

Шефот на дипломатијата денеска на прес-конференција наведе дека земјава како претседавач со ОБСЕ ги утврдува приоритетите за претседавањето, односно на кои прашање ќе се фокусира.

–  Формално сме обврзани некаде до мај да ги преставиме приоритетите, истакна министерот за надворешни работи.

Тој додаде дека процесот за утврдување на приоритетите е веќе почнат.

– Почнавме прво со внатрешни консултации на нашите институции, што мислат нашите институции во однос на приоритетите, МО, МВР, МЖСПП – сите министерства коишто имаат надлежности во тој дел. Тоа беше во прва фаза, втора фаза бевме во Виена, државниот секретар со екипа се сретна со сите амбасадори на земјите учеснички во Виена, исто така ги слушнавме нивните размислувања, а и јас планирам во првите шест месеци да ги посетам неколкуте земји учеснички исто така за да видам кои се нивните погледи, кои се нивните очекувања од нас за да бидеме спремни некаде во мај прво да ги претставиме пред нашите граѓани приоритетите, а потоа и во Виена пред постојаните претставници на земјите учеснички на ОБСЕ, образложи шефот на дипломатијата.

Бујар Османи МНР ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.