НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов: Од кадровските решенија и барањето за една изборна единица зависи нашата поддршка за новата Влада

0
By Mirjana on January 5, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов за денеска попладне најави средба со мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, со кој како што рече, уште еднаш ќе разговараат за програмските приоритети  на партијата кои сакаат да влезат во владината програма. Ќе разговараме, потенцира Трајанов, и за кадровските решенија и за барањето земјава да биде една изборна единица, од кои, како што најави, ќе зависи и поддршката на Демократскиот сојуз за новата влада.

-Ковачевски треба да не информира за тие имиња што не се познати да ги презентира. Затоа што и поддршката, не само на ДС, туку и на другите партии, исто така ќе зависи од кадровскиот состав на владата. Ако имаме предлози кои што не можеме да ги поддржиме тоа значи дека тоа јавно ќе го соопштиме. Очекуваме транспарентност. Во оваа фаза можеби не ќе може да се објавуваат предлозите бидејќи уште се разговара, но очекуваме да бидеме информирани ние како партии, а верувам и другите партии. Ако има некаква информација, мандатарот има можност да ги соопшти имињата претходно или тоа ќе го направи кога ќе го достави предлогот до Собранието на Репубика Македонија. Ако не се согласуваме, нема да гласаме, тоа е просто и едноставно. Ако не се сложуваме за програмските определби, за составот на владата тоа значи дека која било партија нема обврска да гласа, особено што сега има најмалку 64 пратеници во парламентарното мнозинство, некои од партиите може и да не ја поддржат владата, рече Трајанов.

Тој, во изјавата дадена пред Уставниот суд по доставувањето на иницијатива за преименување на одредби од Изборниот законик, нагласи дека тие како партија не барале министерско место без ресор.

Трајанов вели дека една од нивните програмски определби, за која се надеваат дека ќе биде дел и од владината програма, е земјава да биде една изборна единица, со што Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните.

Во приоритетите за кои се надеваат да станат дел од новата програма на владата, како што појасни Трајанов, е и барањето да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со формирање агенција чиј директор со мандат од седум години ќе го бира борд од новинари, невладин сектор, универзитетски професори, неколку пратеници од опозиција и од власта.

-Сметаме дека оваа агенција треба да биде многу мала – 30 до 40 врвни професионалци, да се скрати од седум институции број на вработени кои не се меѓусебно координирани, рече Трајанов.

ДС бара и да има повторување на постапката за сите, како што истакна, монтирани судски постапки. Појасни дека законот за ова прашање се развлекувал од 2020 година, но оти сега сега има начелен договор да се активира.

Партијата бара и да се разгледа можноста високообразованите кадри да останат во земјава по завршувањето преку вработување во приватниот или државниот сектор кое би било плаќано една година од буџетот. Секако, нагласи тој, треба да се направи рангирање на универзитетите и предност да имаат оние кои завршиле на универзитет од повисок ранг.

ДС нова влада ПОД КОИ УСЛОВИ поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.