Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски изрази сочувство до семејството на професионалниот војник на АРСМ кој вчера почина во болница во Приштина.
„Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.
На професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, вчера во текот на попладневните часови му се слошило, по што со воен хеликоптер бил пренесен во најблиската болница во Приштина каде била констатирана смрт, соопшти Генералштабот на Армијата.
Причина за смртта, според првичните наоди е срцев удар.
Професионалниот војник кизвршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ.