Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун

0
By Biljana on January 9, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 9, 2022 12:44

Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство.

Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани да го откупат договореното количество суров тутун во лист.

„Досега, не само што немало случај договорените количества да останат неоткупени, туку напротив, откупните компании ги откупувале и вишоците тутун за кои немало договори, а кои производителите не ги пријавиле и не склучиле договор со откупувачите. Според тоа, невозможно е да остане домашниот тутун неоткупен за сметка на увезениот кој не е од истите сорти и типови што се произведуваат во земјата. Увезениот тутун, кој служи за доработка на домашниот, се преработува во домашните откупни компании за потоа целосно да се извезе на странски компании – производители на цигари и други тутунски производи. Компаниите вршат увоз за доработка и повторен извоз, при што се остварува девизен прилив во Република Северна Македонија“, објаснува Комората.

Според Стопанската комора, откупните претпријатијашто вршат откуп на тутун во земјава имаат законско право да увезат необработен тутун за да ги дополнат своите капацитети за доработка.

„Согласно новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи точно е дефинирано кој има право да врши увоз. Тоа можат да го прават единствено лиценцирани компании. Притоа, мора да се потенцира дека овој тип на увезен тутун не се произведува кај нас и не влијае воопшто врз откупот на тутун во нашата држава. Домашните производители на цигари имаат потреба од типови тутун кои не се произведуваат кај нас, а се потребни за производство на цигарите. Денес, современата бленд цигара содржи најмалку осум типови тутун во мешавината. Не постои ниту една земја во светот или компанија која се стреми да ги произведе сите видови тутун потребни за производството на цигарите. Во земјите кои истовремено се производители на тутун и цигари, производството на тутун е ориентирано кон оние типови на тутун кои најуспешно и најпрофитабилно можат да бидат произведени во дадените околности“, наведува Комората.

Воедно нагласува и дека годинашниот откуп на суров тутун во лист од реколтата 2020 засега се одвива без никакви проблеми. Откупени се, како што информира Комората, скоро половина од договорените количини по просечна цена од речиси 200 денари за килограм.

откуп на тутун Стопанска комора Тутун тутунопроизводители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.