НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралиската влада тврди дека на Ѓоковиќ не му бил гарантиран влез во државата

0
By Biljana on January 9, 2022 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австралиската влада не му гарантиташе на тенисерот Новак Ѓоковиќ дека ќе биде прифатено неговото медицинско ослободување за влез во Австралија, соопштија владините адвокати во судски поднесок денеска.

Предлогот пред судското рочиште в понеделник ја брани владината одлука да му забрани влез во Австралија на првиот тенисер во светот поради статусот на вакцинација. Ѓоковиќ се надева дека ќе го освои својот 21 грен слем на Австралија опен, кој започнува во Мелбурн на 17 јануари. Но, наместо на тренинзи, Ѓоковиќ е во хотел за баратели на азил. Тенисерот се обидува да ја оспори одлуката за одбивање на визата откако му беше забранет влез во земјата по пристигнувањето на аеродромот во Мелбурн во четвртокот рано наутро.

Ѓоковиќ, гласен противник на задолжителната вакцинација, одби да го открие својот статус на вакцинација и причината поради која побарал медицинско изземање од австралиските правила за вакцинација. Но, неговите адвокати во саботата поднесоа тужба до судот, тврдејќи дека српскиот тенисер добил изземање затоа што во декември се заразил со коронавирус. Се додава дека МВР оценило дека неговите одговори во австралиската патничка изјава укажуваат дека ги исполнува условите да влезе во земјата без да оди во карантин.

Сепак, во поднесокот на Владата се наведува дека е-поштата на министерството не е гаранција „дека ќе биде прифатено неговото таканаречено „здравствено ослободување“ и дека неговите одговори ќе бидат прегледани и проверени по неговото пристигнување. Владин поднесок го оспорува барањето на Ѓоковиќ за медицинско ослободување со образложение дека тој се заразил со коронавирус во средината на декември.

„Нема индикации дека подносителот имал „тешка акутна болест“ во декември 2021 година. Се што рекол е дека бил позитивен на тестот за Ковид-19“, се вели во владиниот поднесок.

Австралија Новак Ѓоковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.