Старите бараки во близина на ресторанот „Томче Софка“ во Градски парк вечерва пламнаа по вторпат за само три месеци. Од противпожарната бригада соопштија дека пожарот е локализиран, но причините за негово настанување се непознати.
Старите бараки беа во пламен и кон крајот на октомври, при што материјална штета имаше и ресторанот „Томче Софка“ и салата „Партизан“.