Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска – Брнз: Северна Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

0
By Biljana on January 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 12:14

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД.

Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

„Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата на Северна Македонија брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, Северна Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Северна Македонија дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа“, истакна амбасадорката Брнз.

Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.

„Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина“, рече Шекеринска.

Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

„За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава“, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Знамето што денеска и беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“.

Амбасада на САД Кејт Мери Брнз Министерство за одбрана Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.