Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: За дел од капацитетите во зоните обезбедивме гас по пониска цена од пазарната

0
By Biljana on January 14, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 13:15

Заложба на Дирекцијата е да обезбеди што е можно поголеми количини на природен гас за компаниите во зоните.

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни Зони (ДТИРЗ) склучи договор со добавувачот ПРОМГАС за обезбедување природен гас за компаниите во зоните со кој еден дел од количините се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната, потврди денеска директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

„Во делот на гасот склучивме договор со ПРОМГАС, бидејќи Дирекцијата обезбедува гас за корисниците на гас во рамки на зоните, во кој секако има зголемување на цените, меѓутоа позитивен елемент е што еден дел од количините се обезбедуваат по цена која што е доста пониска од пазарната, а одреден дел од количините се обезбедуваат по реална пазарна цена“, рече Деспотовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Она што во моментот е наша заложба, додаде, е да обезбедиме што е можно поголеми количини, бидејќи според она како што бевме информирани од страна на добавувачот на гас се доста ограничени.

„Потребите на нашите корисници растат, бидејќи имаме нови корисници, нови капацитети и наша примарна цел во овој период е да обезбедиме поголеми количини. За одредена количина на гас, значи за одреден капацитет на користење имаме доста поволни цени за гасот, а за одредена количина одиме по реалните пазарни цени коишто се случуваат во моментот“,појасни Деспотовски.

За делот на електричната енергија посочи дека компаниите сами склучуваат договори за разлика од гасот за кого како специфичен енергенс е надлежна Дирекцијата. Посочи дека досега нема забелешки од компаниите во зоната за цената на гасот или на електричната енергија, бидејќи, како што рече, станува збор за етаблирани меѓународни компании.

Јован Деспотовски природен гас ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.