НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Ковачевски – Петков: Бугарија се согласи да го користи краткото име Северна Македонија

0
By Biljana on January 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Бугарија попушти пред едно од барањата кои го кочеа евроинтеграцискиот процес на земјава. Краткиот назив Северна Македонија веќе нема да биде пречка пред ниту една меѓународна институција. Ова на денешната средба го договориле премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Премиерот на Бугарија за ваквата одлука ги известил и Обединетите Нации, откако добил гаранција од македонскиот колега дека со употребата на кусото име, Северна Македонија нема територијални претензии кон делови од Република Бугарија.

Двете земји најавија и формирање на работни групи од повеќе области од интерес на граѓаните во двете земји со цел унапредување на меѓусебните односи на соработка и приближување на народите од двете страни на границата.

„Со премиерот Петков разговаравме за воспоставување на работни групи, во областа на инфраструктурата, економијата, трговијата, иновациите, евроинтеграциите и во областа на образованието и културата. Сметаме дека тоа се области кои значат многу повеќе за граѓаните, за нивната иднина за граѓаните од сите возрасти посебно за младите. Тие се направени како меѓуресорски работни групи во кои нема да учествуваат само политичари, туку ќе учествуваат и претставници на секторите за кои се однесуваат, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Во однос на историската Комисија, Ковачевски вели оти оваа историчарите веќе имаат свој план за работа.

„Што се однесува до Историската комисија гледате дека овде нема претставници на Историската комисија. Значи, историчарите работат во еден подолг процес, бидејќи се работи сега и за период во минатото којшто тоа го прават врз основа на методологија и врз основа на дефинирање на одредени факти што ги имаат регулирано согласно со методологијата и јас лично се надевам дека прво, членовите на историската Комисија ќе информираат заеднички за тоа што е договорено и дека тоа што заеднички е договорено ќе биде мост кон иднината, а не враќање кон минатото, вели Ковачевски.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков пак најави дека најдоцна за 60 дена ќе биде пуштена во употреба директната авио линија Скопје – Софија.

„На ваков начин ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, не само на ниво на политички изјави, туку на ниво на реални резултати на бизнис и работа и на ниво на патување од Софија до Скопје за 20 минути“, истакна Петков.

Ковачевски и Петков најавија одржување на заедничка владина седница на 25 јануари во Софија.

„Веќе на 25 јануари ќе се одржи и седница на двете влади, а потоа секоја седмица една од групите ќе се состанува со јасни цели и јасни резултати. На тој начин, ќе им покажеме на двата народа од двете земји дека добрососедството се мери практично, а не само на ниво на политички изјави“, рече Петков.

Новинарите побараа од Петков да дефинира кој народ живее во земјата во која е моментално дојден и на кој официјален јазик тука се зборува, но првиот човек на бугарската Влада само кусо одговори дека Бугарија прва ја признала Северна Македонија додавајќи оти Бугарија во целост го почитува правото на самоопределување на македонските граѓани.

По завршувањето на прес-конференцијата во Владата, новинарка од Бугарија му подари на премиерот Димитар Ковачевски, како што рече, здраво црвено бугарско јаболко во знак на доверба дека ќе работи на одржување на единството меѓу двете земји.

„Дозволете да ви подарам здрава црвена бугарска јаболка во знак на доверба и за запазување на нашето единство меѓу Бугарија и Северна Македонија“, му рече новинарката и му посака успешна работа.

(Б.Б.)

Димитар Ковачевски Кирил Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.