И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност.
Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против.
Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби.
Денеска од Охрид, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го повтори ставот за брзи предвремени парламентарни избори и дека неговата партија работи на таа можност, а една од активностите биле и измените на Изборниот законик, што до Собранието ќе ги доставеле набрзо, а со кои предлагаат да немало техничка Влада што беше пак обврска од Пржинскиот договор, и земјава да е една изборна единица.