НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За два часа ќе се прават анализите за проверка на квалитетот на течните горива

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 20, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За проверка на квалитетот на течните горива во земјава отсега ќе бидат потребни два часа наместо досегашните три дена. Испитувањата ќе се прават во лабораторијата која работи во рамки на Бирото за метрологија.

Лабораторијата е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот. Опремувањето чини 24 милиони денари.

Со ова, според надлежните, резултатите од анализите ќе се добиваат во кус временски период и во промет ќе се пуштаат само горива со проверен квалитет.

– Веќе на државата и на државните институции нема да им требаат по три дена за да направат тестирање за квалитетот на течните горива. Времето ќе се скрати до два часа што значи дека и економските оператори кои работат со промет на нафтени деривати побрзо ќе ги завршуваат работите и нема да чекаат на граничните премини, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната промоција на лабораторијата.

Од Министерството за економија и од Пазарниот инспекторат уверуваат дека нафтените деривати што се пуштени во промет во земјава се согласно прописите и дека се што е пронајдено на царина и во складовите со несоодветен квалитет, не е пуштено во внатрешен промет. Тврдат дека цистерните во кои пред повеќе од година беше утврдено дека има надминување на параметрите за вода и пепел не се влезени во земјава, а вратен е и сомнителниот мазут пронајден во складовите.

– Можете да бидете сигурни дека се што е пронајдено во складовите и при царината со несоодветен квалитет, не е пуштено во внатрешен проблем, истакна директорката на Пазарниот инспекторат Анета Симеска Димоска.

Од јуни минатата година направени се над 15 контроли на бензинските пумпи низ државата и според директорката на Пазарниот инспекторат, анализите покажале дека квалитетот на бензинот и дезелот се во рамки на дозволените параметри согласно стандардите. Постојани контроли, како што информира, се прават и за мазутот.

– Постојано вршиме контрола на мазутот при увоз во државата заедно со Царинската управа и исто така во периодот кога имаме земено мостри, во два случаја имаме пронајдено дека не соодветствува со квалитетот и преземени се соодветни мерки, меѓутоа во последниот период сите анализи што ги земаме покажуваат дека мазутот е со соодветен квалитет, истакна Симеска-Димоска.

Од Бирото за метрологија, каде функционира новата лабораторија, најавуваат дека во најскоро време ќе почнат и со постапка за проширување на акредитацијата.

– Со цел да се гарантира резултатот од анализите на квалитетот на мазутот, Бирото за метрологија, во најскоро време отпочнува со постапка за проширување на акредитацијата, во делот на тестирање на мазут, па заедно со мобилната лабораторија, во која од јануари 2020 година се врши тестирање на квалитетот на бензинот и дизелот, Бирото за метрологија ќе може да пружи комплетна услуга-тестирање на повеќе од 25 карактеристики, односно параметри на нафтата и нафтените деривати, посочи директорката на Бирото, Мерита Мустафаи.

Крешник Бектеши лабораторија мазут
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.