Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година, кога ќе има и претседателски, а нема да прифатам уцени за што да разговараме, ако се сретнеме со Мицкоски

0
By НОВА ТВ Balaban on January 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 20:28
Јас сум човек кој е подготвен да се соочи со предизвици и подготвен да преземе одговорност, истакна во интервју за Канал 5 телевизија, премиерот Димитар Ковачевски и претседател на СДСМ во одговор на прашање околу неговите мотиви да ги преземе фунцкиите претседател на СДСМ и претседател на Владата.

Говорејќи за својата богата кариера и искуство, лидерот на СДСМ обелодени и колку време планира да биде на премиерската позиција на Македонија.

– Мислам 12 години да бидам премиер. Човек треба да биде амбициозен кога работи, истакна кусо Ковачевски.

Во врска со барањата на ВМРО ДПМНЕ за избори тој рече дека се неосновани и повтори кога планира да има парламентарни избори во државата.
– Преземавме одговорност за решавање на предизвиците кои се пред граѓаните, имаме пандемија, енергетска криза. Нашиот договор за формирање на оваа Влада е „Влада 2022- 2024“, и јас и во самото експозе кажав дека избори ќе има, да, 2024 година кога ќе имаме претседателски избори и ќе имаме парламентарни избори, рече Ковачевски.
Тој нагласи дека нуди соработка и ги повикува опозицијата, академијата, стопанските комори, синдикатите, „заедно да сработиме во услови на криза за да имаме помали последици во стапанството, вратата е отворена за сите кои сакаат да помогнат“.
– Имаме здравствена криза, имаме енергетска криза, имаме економска криза и да барате избори во таква ситуација е целосно неполезно. Затоа што и немате ново што да понудите, туку само повторувате секој ден дека треба избори. Вратата е отворена за сите кои сакаат да помогнат. Нема да прифатам уцени за што да разговараме ако се сретнеме. Ќе контактирам со Мицкоски, ќе му се јавам, јас кажав под уцени нема да раговараме, но јас како премиер морам да разговарам со сите, но сега фокусот е на енергетската криза и на сето она што ни се случува во државата. И тоа се надевам ќе го прифати како аргумент и ќе разговараме, рече Ковачевски.
Тој додаде дека неговото појавување во политиката не е отсега.
– Јас сум бил член на Извршниот одбор во време кога кога претседател бил Бранко Црвенковски и бев член на ИО кога претседател беше Заев, во меѓувреме сум бил член на изборни штабови, а сум бил и дел од работните тела на СДСМ во комсијата за финансии, во комисијата за економија. Koга станав претседател, предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, а при изборот на министри во Владата, се се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите кои им се доверени“ посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека изборот на кадровски решенија не треба да се гледа во контекст на за некакво помирување во СДСМ затоа што во партијата не постои никаков конфликт, додавајќи дека има добра соработка со сите претходни претседатели на СДСМ.
„Канал 5“ Димитар Ковачевски интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.