Поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шекеринска побарале апанажа.
Ако Собранието им го одобри барањето, ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж.
Собранието веќе им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани.
Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.