НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени

0
By Sashko on January 24, 2022 СВЕТ
Фото: aljazeera.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војската на Буркина Фасо денеска го собори претседателот Рох Каборе, го суспендира уставот, ги распуштила владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата.

Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија од друг воен претставник, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место.

Соопштението е потпишано во име на засега непознато тело – Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.

МПСР, телото што ги вклучува сите сегменти на војската, одлучи денеска да го прекине мандатот на претседателот Каборе, се наведува во соопштението.

Како причина за изведениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и тоа што се опишува како неспособност на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува.

Фото: trtworld.com

Реакцијата на војската доаѓа по два дена од конфузијата и стравот што владееја во главниот град Уагадугу, каде вчера дојде до размена на оган во касарните, додека војниците бараа поголема поддршка за нивната борба против исламските милитанти.

Не е познато што се случи со Каборе, откако во текот на ноќта се слушнаа силни пукотници во близина на неговата резиденција.

Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат, но не соопшти никакви детали.

Пред соопштението на војската, Африканската унија и западноафриканскиот блок ECOWAS го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар во Буркина Фасо, соопштувајќи дека армијата ја сметаат за одговорна за безбедноста на Каборе.

Пучот го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Буркина Фасо воен удар Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.