НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечена Светосавска академија, по повод Националниот празник на Србите, утревечер во Македонскиот народен театар

0
By НОВА ТВ Balaban on January 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред присутните се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. На Свечената академија ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ.

По повод Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија,  Регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија организира Свечена  Светосавска академија која ќе се одржи утревечер (27. јануари) во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје.

На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Република Северна Македонија, од Република Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Пред присутните се очекува да се обрати и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

Светосавска беседа ќе одржи д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор.

Во културно-уметничката програма ќе учествуваат актерите од Белградскиот народен театар, Воениот оркестар при Министерството за одбрана на Република Србија. На академијата ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ.

– Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ, изјави  претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ.

Свечена Светосавска академија денеска (26. јануари) ќе се одржи во Куманово, а утре делегациите од Република Србија и од Република Српска ќе го посетат градоначалникот и српските организации во Куманово. Се очекува тие да бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Македонската радио-телевизија со почеток во 19 часот на Канал 4, ќе врши директен пренос на свечената Светосавска академија во Скопје.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава, е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Македонскиот народен театар национален празник Светосавска академија Србите во Македонија Српската заедница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.