Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски следниот месец на официјална средба со Радев

0
By Biljana on January 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 11:08

Претседателот Стево Пендаровски најави дека за не повеќе од еден месец ќе оди во официјална посета на Бугарија.

Тоа го договарал со својот бугарски колега Румен Радев, а целта била двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји.

Пендаровски на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, повтори дека стартот на новата фаза од билатералните односи е одличен, но далеку сме се уште, како што напомена, од подлабоко навлегување во процесот на решавање на проблемот и негово евентуално позитивно завршување.

„Ќе се обидам многу наскоро да дадам и личен придонес во процесот зашто мислам дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде контрибуција. За не повеќе од месец, планираме, договараме со мојот колега Радев официјална посета на Бугарија. Мојот став е дека двајцата претседатели мора да дадат позитивен придонес за успешно завршување на овој процес зашто тоа е стратегиски интерес на двете држави. Убеден сум дека Радев го дели моето мислење“, истакна Пендаровски.

Тој ја поздрави и новата методологија, подвлекувајќи дека сепак, се уште сме во иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале да се одвива процесот.

„Мислам дека станува збор за одличен почеток на оваа нова фаза од нашите билатерални односи. Има две нови влади, двајца нови премиери кои не доаѓаат од старата школа, се слуша нова реторика, се чувствува нова енергија, а има и нова методологија – нови работни групи, комисии, наместо лисабонските предлози. Но, морам кристално јасно да кажам, станува збор само само за почеток, за иницијална фаза во која двете страни искажуваат добри желби како би сакале процесот да се одвива. Но, далеку сме од подлабоко навлоегување во процесот и се уште многу далеку од негово евентуално позитивно завршување“, рече шефот на државата.

Претходно се осврна и на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека поддршката кај граѓаните за овој процес се намалува, не само во земјава, туку и во целиот регион, а антизападната реторика во медиумите во целиот Западен Балкан е во неверојатен пораст и има тенденција да стане доминантна.

македонско-бугарски односи Румен Радев Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.