Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жугиќ му подари на Коњановски зборник „Сто години од пробивањето на Солунскиот фронт“

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 27, 2022 12:47

По повод празникот „Свети Сава“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше средба со претставници на Заедницата на Србите во Македонија во Битола.

Коњановски, честитајќи го празникот, на сите припадници на српската заедница во нашата држава им посака многу здравје и понатамошна соработка во интерес на реализација на заложбата за подобра иднина на денешните и генерациите кои доаѓаат.

„Би сакал да го честитам празникот Свети Сава, големиот ден на Српската заедница во Македонија и во Битола, да посакам многу здравје и да ја продолжиме оваа традиција на заедничко празнување. Традицијата и корените се многу битни за опстојување на еден народ, затоа мора да се почитуваат. Од нив ја црпиме нашата сила. Денес, треба да продолжиме да работиме заедно, како два пријателски народи кои ќе ги негуваат традициите и ќе работат за иднината на нашите деца“, изјави градоначалникот Тони Коњановски, на денешната средба со претставниците од срската заедница.

Градоначалникот Коњановски, на средбата беше информиран за тековната работа на Заедницата на Србите од Битола, како и за понатамошните планови насочени кон продлабочување на соработката со локалната самоуправа.

„Почитуван градоначалник, да се заблагодарам во името на Заедницата на Србите од Битола, што најдовте време да не примите денес, на овој голем празник за нас, Свети Сава, националниот празник на Србите во Република Македонија. Би ви посакал успешна работа како градоначалник и се надевам со Вашето доаѓање ќе имаме една многу поконструктивна и подобра соработка и ќе оствариме многу проекти што ќе бидат од интерес на нашиот град, на Заедницата на Срби и сите граѓани на Битола. Во таа чест, ви подаруваме еден Зборник кој го издадовме минатата година, Ви го предаваме на денешен ден, на Свети Сава, кој не само што беше архиереј на Српската православна црква, беше и политичар и професор, учител и доктор, така што сите тие обединети работи во Свети Сава, ги гледам и кај Вас. Вие сте по вокација доктор, влеговте во политичките води, како градски татко и се надевам дека и со благослов на Свети Сава, ќе го водите градот многу поуспешно“, изјави Зоран Жугиќ.

Претседателот на Заедницата на Србите во Македонија во Битола, Зоран Жугиќ, на градоначалникот Коњановски му подари Зборник „Сто години од пробивањето на Солунскиот фронт“, во кој се обработени над 30 научни трудови од познати македонски и српски историчари, научни работници и книжевници.

Зоран Жугиќ Свети Сава Тони Коњановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.