Шведска стана европски шампион во ракомет – со само еден бод разлика (27:26), со погодок од пенал на Никлас Егберг, вечерва во Будимшпешта ја победи и ја детронизираше репрезентацијата на Шпанија.
Во самиот крај на натпреварот, при резултат 26-26, Кањељас не постигна гол, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг ѝ ја донесе победата на Шведска.
По дури 20 години, ова е петти златен медал на континенталните натпреварувања за Шведска, а „фуријата“, во последниве две години ја бранеше титулата, но вечерва не успеа да дојде до уште едно злато.
💪 The winning goal for @hlandslaget 🇸🇪, by Niclas Ekberg#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GUy2qxNVCz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022