Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Звукот на ориентот со исклучителниот Марсел Калифе во Филхармонија

0
By НОВА ТВ Balaban on January 31, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 10:54

Придружуван од неговиот музички ансамбл, Марсел Калифе започнал доживотно далекусежно музичко патување со настапи во Арапските земји, Европа, САД, Канада, Јужна Америја, Австралија и Јапонија.

Oркестарот на Филхармонија овој четврток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и вокaлист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“.

Марсел Калифе студирал уд (арапска лаута) на Националниот конзерваториум за музика во Бејрут и од тогаш, тој вдахнува нов живот на овој специфичен инструмент. Традиционалното свирење на уд било ограничено од строгите изведувачки техники кои го одредувале начинот на свирење. Високо талентираните и надарени музичари како Марсел Калифе, сепак, можеле и успеале да го ослободат инструментот од тие ограничувања и со тоа значително да ги прошират неговите изведувачки можности.

Во 1972 Калифе оформува музичка група во својот роден град Aмчит со цел да го оживее музичко наследство на арапската вокална хорска музика. Првиот настап им бил во Либан. Во 1976 се родил ансамблот „Ал Мајадин“. Збогатен со музичкото искуство од претходниот свој состав, гласноста на „Ал Мајадин“ отишла многу подалеку од Либан. Придружуван од неговиот музички ансамбл, Марсел Калифе започнал доживотно далекусежно музичко патување со настапи во Арапските земји, Европа, САД, Канада, Јужна Америја, Австралија и Јапонија. Автор е на повеќе вокално – инструментални композиции, а неговото дуо за уд и контрабас, било наградено од престижната „Charles Cros Academy“ во Франција во 2017 година.

Делата на Марсел Калифе се критички позитивно оценети од Арапскиот свет, но и насекаде низ светот. Неговата креативност, иновативност, образовни и хуманитарни залагања, како и придонесот за промоција на културата и уметноста во Арапскиот свет се причина поради која добил бројни награди во арапскиот свет и на меѓународно ниво. По добивањето на националниот медалот за култура и уметност од Палестина во 2001 година, Калифе придонесува во финансискиот дел од наградата на Националниот конзерваториум за музика Едвард Саид во Палестина.

Оттогаш, конзерваториумот организира музички натпревар кој го носи неговото име и им доделува финансиска поддршка на младите надарени мозичари, за нивно континуирано музичко образование. Добитник е и на голем број други награди. Во 2005 година Марсел Калифе е назначен за Уметник за мирот на УНЕСКО за неговите уметнички достигнувања и за својот хуманитарен придонес.

Во 2008 година Калифе го основа Катарскиот филхармониски оркестар, каде работи како музички директор и резиденцијален композитор.

Концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки

Лубнан Балбаки е роден во 1981 година во Бејрут и е најмладиот редовен диригент во Либанскиот Филхармониски Оркестар. Низ целиот свој живот, Балбаки бил опкружен од уметници од блиското семејство: сликари и музичари, кои ја создале инспиративната атмосфера што помогнала да се изгради неговиот музички пат.

Музичкото патување на Балбаки започнува кога се запишал на часови по виолина на Националниот конзерваториум за музика на Либан во Бејрут, на 12 годишна возраст. Неколку години подоцна тој го започнал своето академско патување на додипломски студии по музикологија на Универзитетот „Свет Дух“ во Каслик (УСЕК). Во 2009 дипломирал на одделот оркестарско диригирање на Академијата за музика „Георге Дима“ под менторство на маестро Петре Шбарцеа во романскиот град Клуј-Напока, со нагласок на изучување на одделот композиција со Шего Петер. Балбаки магистрирал во 2011 година на одделот за оркестарско диригирање на Националниот универзитет за музика во Букурешт под менторство на д-р Хориа Андреску.

Во 2017 ги започнал докторските студии каде тема на неговото истражување била „Психолошката врска помеѓу диригентот и оркестарот“ под менторство на д-р Дан Диу. Помеѓу 2018 и 2019 година Лубнан Балбаки се здобива со уште една диплома по оркестарско диригирање на Универзитетот за музика и уметности во Виена (Австрија) со професор Јоханес Вилднер како негов ментор.

Од 2009 до 2011 бил дел и од одделот за културен менаџмент на Националниот Универзитет за музика во Букурешт со проф.д-р Луциа Континеску. Во 2012 година учествувал на мастер -клас по културен менаџмент со поранешниот генерален секретар на „Виенската Опера“, Јоан Холендер.

Паралелно со своите студии, учествувал и на повеќе мастер класови по оркестарско диригирање со познати европски диригенти како Курт Мазур, Колин Метерс, Конрад вон Абел и Кристијан Бадеа. Во 2013 е назначен за редовен диригент на Либанскиот филхармониски оркестар и го основал Националниот младински оркестар. Диригирал со оркестри како Катарскиот филхармониски оркестар, Националниот радио оркестар на Букурешт, Филхармонискиот оркестар на Мексико Сити, Државниот симфониски оркестар на Истанбул, „The 5 the Mayo“ од Мексико, Филхармонискиот оркестар „Queretaro“ од Мексико, Државниот филхармониски оркестар од Трансилванија, Државниот филхармониски оркестар во Сибиу-Романија и „Тимисоара“, Националната Опера во Романија.

Иако диригирањето е неговиот примарен фокус, маестро Балбаки грижливо ги организира повеќето од неговите изведби и има блиска комуникација со луѓето инволвирани во неговите проекти, на сцената и надвор од неа. Откако ја започнал својата музичка кариера, Балбаки работи како музички советник и шеф диригент со Маџида ел Руми и Марсел Калифе.

Лубнан Балбаки Марсел Калифе оркестарот Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.