НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат разговорите за минимална плата – Синдикатот најавува штрајк

0
By Biljana on January 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Без конкретен договор заврши двочасовната средба во Владата помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија и преставници на Владата, на која се разговараше за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари.

Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, веднаш по средбата рече оти биле разочарани од текот на разговорите, бидејќи не добиле конкретни рокови, туку само ветувања дека проблемот ќе се реши.

„Не сме задоволни од денешната средба во Владата, по основ на нашите барања, минимална плата од 18.000 денари и скалесто покачување на сите останати плати во државата, како и по однос на регрес за сите вработени во јавниот сектор“, рече Димовски веднаш по средбата на Илинденска.

Единствена светла точка од денешните разговори, според Синдикатот е тоа што за в среда веќе бил закажан Економско – социјален совет каде што ќе продолжат разговорите помеѓу трите засегнати страни- синдикатите, работодавачите и Владата.

„Како Сојуз на синдикати не го прифаќаме зборот ‘Ќе’ туку ‘Кога и колку’. Затоа малку сум револтиран, во среда продолжува дијалогот, во среда е и последната шанса каде што ќе треба да ги договориме овие две прашања, доколку не биде договорено јавно кажувам, ги повикуваме работниците и македонскиот народ на штрајк“, вели Димовски и додава дека штрајкувачките одбори се веќе подготвени и оти штрајкот ќе почне веднаш.

Од ССМ не ја исклучуваат можноста да изразат и други видови на незадоволство како што е протест, блокирање на сообраќајници, фабрики, институции итн.

Од ССМ се децидни дека со моменталниот износ на минималецот, едно четиричлено семејство не може да го преживее месецот ако двајца во семејството живеат од минимална плата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, по средбата во Владата посочи дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.

Тој најави дека веќе во среда, во 15:00 часот, е закажана седница на економско-социјалниот совет на која ќе продолжи дискусијата помеѓу сите три засегнати социјални страни на која главна точка на дневниот ред ќе биде токму висината на минималната плата.

И премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп посочи дека зголемување на минималната плата ќе има, но оти тоа треба да се направи низ економско-социјален дијалог со сите засегнати страни и во консултација и со синдикатите и работодавачите.

„Тоа е прашање кое се решава низ економско-социјалниот дијалог. Минималната плата и нејзиното покакување од првичните 9000 денари колку што беше претходно, на 15 илјади денари колку што е сега, беше направено од СДСМ и Владата предводена од СДСМ. Така што и заложбата за зголемување на минималната плата на повисоко ниво е исто така заложба на оваа Влада“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Притоа, според премиерот, треба да се имаат предвид и ставовите и импутите и на синдикатите, но и работодавачите и на стопанските комори, бидејќи, како што нагласи, тоа е дел од еден економски систем.

„Штом ќе се направи таа методологија нормално заедно со сите засегнати и низ економско-социјалниот дијалог тогаш ќе го имаме финалното решение кое ќе биде презентирано пред сите, пред граѓаните и пред работниците“, рече премиерот Ковачевски кој денеска изврши увид во реконструкцијата на училиште во Прилеп.

Тој потсети дека нив ваков дијалог се дошло и до решение за недела неработен ден.

Инаку, на денешната средба во Владата, присуствуваше и министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ.

Според најновите податоци на Државната статистика минималната синдикална кошничка во Северна Македонија изнесува 35.000 денари, а минималната плата 15.190 денари.

ССМ минатата недела на онлајн презентација го презентираше истражувањето „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ кое покажало дека покачувањето на минималната плата нема да го намали бројот на вработени, како што стравува бизнис заедницата, туку напротив ќе ги мотивира работниците да бидат повеќе продуктивни, а со тоа ќе се зголемат профитите на фирмите и БДП.

Студијата покажала дека минималната плата во Северна Македонија е меѓу најниските во Европа. Во земјава, 22 проценти од граѓаните или близу половина милион живеат во сиромаштија, а дури 100.000 граѓани се екстремно сиромашни и живеат со помалку од 40 денари на ден. Исто така, статистиките покажуваат дека дури 9 проценти од вработените или околу 50.000 вработени исто така живеат во сиромаштија.

Според статистиките на ССМ дури 110.000 работници земаат минимална плата.

(Б.Божиновска)

минимална плата ССМ Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.