Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната химна на прес конференција за чистење депонии е гаф на годината, законодавецот пропишал казни и до 300.000 денари

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 1, 2022 15:43

Јавноста била сведок на многу грешки, гафови, сквернавења на македонските национални симболи, па и скандалозни изведби на државната химна „Денес над Македонија“ како онаа на поп ѕвездата Тамара Тодевска на прославата по повод празникот 4 јули во американската амбасада пред неколку години. Ни се случувало со погрешни знамиња да пречекуваме функционери, но досега не сме била сведок на интонирање на националната химна на прес конференција.

Ваков гаф вчера направи протоколот на Град Скопје кога настанот за отчет на градоначалничката Данела Арсовска за сработеното во текот на 82 дена, откако е на функцијата, реши да почне со државната химна. Згора на сѐ, уште на самиот почеток  беше направена „утка“, па прес конференцијата на Арсовска, почна со химната на ВМРО-ДПМНЕ.

Новинарите кои досега немаат забележано ваков пропуст, останаа вчудоневидени на обидот на градските власти, рефереирањето за сите исчистени депонии, нивелирани шахти и други комунални работи што биле завршени во последниве три месеци, што е всушност и обврскa на градските власти, да биде означено со државната химна.

Ниту чуено, ниту видено. Ова е гаф на годината. Ова е прекршок. Треба да се казни непочитувањето на употребата на националната химна, се само дел од пораките и коментарите во јавноста.

Нова ТВ, по реакциите во јавноста, побара од тимот на Арсовска одговори врз основа на кој законски акт или протокол е решено да се интонира државната химна на прес конференција, кога во законската регулатива е јасно пропишано кога треба тоа да се направи и како е дојдено до ваков пропуст, но и покрај ветувањето дека ќе добиеме објаснување, до објавување на овој напис, тоа не се случи.

По прес конференцијата на градоначалничката Арсовска се проширија информации дека некој можеби и намерно предизвикал гаф – па наместо државната химна почнала да се интонира химната на ВМРО-ДПМНЕ. Што навистина се случило и кои се причините за таква најверојатно ненамерна грешка, денеска не ни одговорија ниту на овие прашања  од Градот Скопје.

ШТО ВЕЛАТ ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ЗА УПОТРЕБА НА ХИМНАТА?

Во Законот за употребата на грбот, знамето и химната се пропишува дека овие национални симболи се употребуваат на начин со кој не се нарушуваат угледот и достоинството на државата. Па така во членот 25 од Законот, се вели дека химната се изведува при испраќање на претседателот на републиката во официјални посети на странски држави и при неговото враќање во државата. Потоа при официјално доаѓање во државата, односно при испраќање од земјава на претседател на држава, суверен или овластен претставник на меѓународна организација, при полагање венци на воени гробишта, гробови на паднати борци и на други слични места од страна на официјалните македонски претставници.

Законодавецот пропишал дека химната може да се изведува на прослави, политички собири, паради и други свечени манифестации со кои официјално се одбележуваат настани од значење за единиците на вооружените сили и за граѓаните, при меѓународни средби, натпревари и други собири (политички, научни, културно–уметнички, спортски и други) на кои државата официјално учествува или е презентирана, во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири.

Химната се интонира на погреб на заслужни личности. Во законот е нагласено дека химната се изведува со: свирење, пеење или и со свирење и со пеење, но секогаш со достоинство.

КАЗНИ И ДО 300.000 ДЕНАРИ

Во делот на казнените одредби законодавецот пропишал парична казна од 50.000 до 300.000 денари за правно лице кое ќе ги прекрши законските одредби при употреба на химната.

Со парична казна од 10.000 до 40.000 денари ќе се казни и одговорното лице. За прекршок е предвидена и парична казна од 20.000 до 50.000 денари и за одговорното лице на органот на државната власт, на единицата на локалната самоуправа, јавната установа, јавното претпријатие и јавната служба, што ја основа Републиката, односно единицата на локалната самоуправа.

Понатаму, казнените одредби предвидуваат парична казна од 20.000 до 50.000 денари, ако прекршокот се изврши на јавен собир. Во ваков случај казната ја плаќа лицето одговорно за организацијата на јавниот собир.

Стојанка Митреска

гаф интонирање скандал химна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.