Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје е именуван за портпарол на Комисијата за заштита на населенито од заразни болести, којашто отсега ќе ја води проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија, потврдија за НОВАТВ извори од Комисијата.
Нов член на ова советодавно тело на министерот за здравство ќе биде и проф.д-р Нико Беќаровски, токсиколог.
Новините се очекува да бидат и официјално соопштени на прес-конференцијата на министерот за здравство, Беким Сали, закажана за денеска во 13 часот.
Комисијата, која брои околу 20 членови, досега ја водеше д-р Жарко Караџовски.
Професорите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски не ја прифатија поканата којашто преку Фејсбук завчера им ја упати министерот Сали да членуваат во новата Комисија, ниту да бидат дел од неговиот тим на советници.
(Љ.Б.)