Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мехмедовиќ за НоваТВ: Зборот „манипулација“ е погрешно пренесен, нема прикривање на бројките, ќе се разгледува дали сите починати биле како последица на Ковид-19

0
By Biljana on February 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 2, 2022 10:41

Новоименуваниот портпарол на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, во изјава за НоваТВ понуди објаснување на изјавата дадена во утринското гостување во „Утрински брифинг“ дека имало „манипулација со бројките на починати од Ковид 19“.

Доктор Мехмедовиќ за НоваТВ вели дека зборот манипулација бил погрешно протолкуван, бидејќи не се работело за прикривање на бројки, туку за можна „погрешно водена статистика во однос на починатите лица со Ковид-19“.

„Уште од самиот почеток на пандемијата имаше дилеми во јавноста дали сите лице кои се внесени во билтенот за починати од Ковид-19, починале како последица од вирусот или починале поради друга болест или состојба, а истовремено го имале вирусот во себе. Како примерот со лица кои животот го изгубиле во сообраќајна незгода, а кај нив постмортем бил детектиран и Сарс Ков2 вирусот, па и тие случаи се евидентирани како починати од корона вирусот“, вели доктор Мехемедовиќ и додава дека ваквите случаи кои починале носејќи го вирусот во себе, но не како последица од Ковид-19.

Според доктор Мехмедовиќ, ќе се направи увид во методологијата за да се утврди дали тоа било причина за високата смртност од Ковид-19, според која досега починале вкупно 8444 лица.

„На некои од следните состаноци ќе го разгледаме и ова прашање и ќе утврдиме на кој начин би можело да се направи селекција кои од починатите паочинале како последица од вирусот, а кои починале од некое друго заболување или во сообраќајна незгода, а во себе го имале и корона вирусот кој им бил детектиран по смртта“, вели Мехмедовиќ и додава дека билтенот на ИЈЗ не е шпекулативен, туку се работи во насока да се разграничи колку од пациентите навистика починале поради компликација од Ковид-19.

Во однос на евентуални нови мерки за заштита од корона вирусот, доктор Злате Мехемдовиќ за НоваТв не открива дали оваа тема ќе биде отворена на следниот состанок на Комисијата во вторник.

Инаку, утрово во гостување на „Утрински брифинг“ портпаролот на Комисијата за заразни болести изјави дека „има манипулација со бројките на починати од Ковид-19, за што ќе се разговара на Комисијата за заразни болести“. Тој рече оти факт било дека Северна Македонија е на шесто или седмо место во светот по бројот на починати.

Инаку, во статистиките кои досега ги испраќаше Институтот за јавно здравје  пишува дека лицата починале со Ковид-19, но не дали тие починале и како последица од вирусот или причината за смртта била поради компликација од некоја друга тешка хронична болест, бидејќи тоа може да се утврди само преку обдукција.

(Б.Божиновска)

БИЛАНС КОВИД-19 Злате Мехмедовиќ Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.