НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Откупот на тутунот тече непречено

0
By Biljana on February 2, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откупот на тутунот тече непречено и според состојбите може да заврши пред законскиот рок, 31 март, изјави Љупчо Николовски министер за земјоделство.

Тој при денешното доделување на договорите за земјоделците за земање под концесија на државното земјоделско земјиште, најави увид во состојбите и текот на откупот. Како што изјави Николовски, досега се откупени околу 16.500 тони од реколтата по просечна цена од околу 197 денари.

„За околу 74 проценти од вкупно склучените договори за откуп на тутунот е веќе откупено производството. Досега се откупени околу 16.500 тони тутун од околу 22.000 тони за кои се склучени договори. Околу 94 проценти од откупеното е веќе исплатено. Просечната постигната цена е 196 до 197 денари за килограм тутун. Постојано сме во контакт со тутунопроизводителите. Затоа и денеска сме во Прилепскиот регион и на два месеца пред официјалното завршување на откупот да направиме пресек. Податоците покажуваат дека откупот тече непрекинато, можно е да заврши и пред законскиот рок“, изјави Николовски.

Министерот за земјоделство уверува дека остануваат со поддршката на тутунарите како и досега. На прашањето дека Сојузот на земјоделските здруженија бара средба при крајот на месецот за нови, повисоки цени за новата реколта и законски измени за рамноправност со откупувачите, Николовски ја потврдува поддршката за тутунарите и вели дека ќе ги слушне производителите.

„Постојано сме на теренот, ги слушаме тутунопроизводителите, вратите на Министерството се отворени, Владата креира законски промени, мерки и решенија за секој проблем за да ги олесниме административните процедури, за да дојдат повеќе пари кај тутунопроизводителите и да се грижиме за оваа традиционална земјоделска гранка во која се опфатени околу 30 000 семејства во земјава“, рече Николовски.

Љупчо Николовски МЗШВ откуп на тутун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.