НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ утре ќе го блокира „Рекорд“, најавуваат и генерален штрајк

0
By Biljana on February 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ССМ најавува дека утре во периодот од 13.30 до 14.30 ќе ја блокира главната сообраќајница во Скопје, улицата Димитрие Чуповски пред Стопанската комора.

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија како највисоки тела на синдикатот утре од 13:30 до 14:30 часот ќе ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека за нив е неприфатлив предлогот на работодавачите според кој минималната плата би изнесувала 16.164 денари.

„Со она што го нудат минималната плата во нето износ би била 16.164 денари што за нас е неприфатливо во никој случај кога знаеме дека минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари. Затоа утре по завршување на седницата на Советот на ССМ директно излегуваме со целото Претседателство на ССМ и сите штрајкувачки одбори на протест со блокирање на улицата пред седиштето на ОРМ и Стопанската комора на Македонија“, изјави Димовски.

Нивна делегација ќе присуствува и на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 16 часот во Владата, а доколку не биде прифатено нивното барање за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, ќе излезат на генерален штрајк.

„Доколку во 16 часот не се прифатат барањата за минимална плата од 18 илјади денари и скалескт зголемување на сите плати, штрајкот ќе се роди пред овие две организации на работодавачи и во иднина ќе продолжи на нивна штета бидејќи нема да дозволиме штетата да ја трпи само работникот“, истакна Димовски.

Вчера, на седницата на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за зголемување на минималната плата. Консензус има дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа.

блокада минимална плата ССМ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.