НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија на масата каде се исцртува јужниот гасен коридор од Азербејџан до јужна Италија

0
By Mirjana on February 3, 2022 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Golden pipes going to oil refinery
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протегањето на јужниот гасен коридор и можностите за негово насочување и проширување кон Европа и Балканот е тема што ќе биде третирана на Осмиот министерскиот состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор во Баку, Азербејџан.

Јужниот гасен коридор, проект вреден 40 милијарди долари, минува низ 3.500 километри територија, од Баку до јужна Италија, преку Грузија, Турција, Грција и Албанија. Главен извор на гас за системот е наоѓалиштето „Шах Дениз“ во Каспиското Море, со резерви од 1,2 трилиони кубни метри.

Со завршувањето на етапата I на јужниот гасен коридор во декември 2020 година, засегнатите страни испитуваат проширување на проектот на нови пазари, како што е Балканот и транзит на гас од други достапни извори.

Северна Македонија на состанокот ќе ја претставува Министерот за економија Крешник Бектеши и Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД. Гостин на форумот ќе биде и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а свои излагања за плановите за проширување на испораката на гас во Европа и на Балканот ќе дадат и комесарот на ЕУ за енергетика Кадри Симсон, еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеи, како и високи претставници на САД, Албанија, Велика Британија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грузија, Хрватска, Италија, Унгарија, Црна Гора, Романија, Србија, , Турција, Туркменистан и Грција.

јужен гасен коридор Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.