Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегу: Да ја обликуваме иднината на нашиот регион во срцето на Европа

0
By Mirjana on February 5, 2022 НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 5, 2022 16:32
„Западен Балкан е полн со млади жени и мажи со идеи, интелигентни, талентирани, кои зборуваат неколку јазици, храбри и самоуверени, врвни во спортот и уметноста. Тие не се сиромашни роднини на Европејците. Итно треба да се преиспитаме, обновиме и повторно да ја рекреираме реалноста со која младите сакаат да се носат, заклучува во својот авторски текст шефицата на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, Мајлинда Брегу.

 

Пандемијата, која се приближува на својата втора година од влегувањето на глобалната сцена, радикално ги промени животите, особено на Балканот, кој е толку блиску, а сепак толку далеку од Европа, додека приказната за проширувањето на Европската унија на Балканот е убедлива само за многу мал број луѓе во Европа, оцени генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу.

„Како природата, така и политиката не сака вакуум и не можам да негирам дека деновиве недостига поврзаност помеѓу енергијата од евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан и постоечките очекувања“, вели Брегу во авторскиот текст.

Седумдесет проценти од граѓаните на Западен Балкан на возраст меѓу 18 и 24 години веруваат дека членството во ЕУ би било добро за нивните економии, многу повисоко од другите старосни групи. Нивната визија за ЕУ ​​и Европа е визија која овозможува слобода на патување (59 проценти), слобода на работа и образование (59 проценти) и економски напредок (48 проценти)

Слободата е главната цел за младите, но слободата на патување не е она на што мислат младите од Западен Балкан кога ја замислуваат Европа. Размислуваат и за слободата на образование и работа, што за некои, како младите од Косово, се уште е сон, посочи Брегу.

„Во регион каде што две третини од младите се подготвени да стекнат дополнителни квалификации за да се вработат и дополнителни вештини за напредување, речиси четвртина од нив не се вработени, не студираат или се усовршуваат. Не треба да нè чуди што две третини од нив би биле подготвени да живеат и работат во странство. Можностите за работа и студирање надвор од нивните економии се, повторно, исцрпувачки, скапи бирократски процеси и процедури за признавање и барање на потребните дозволи“, рече таа.

Според Брегу, реалноста наметнува ограничувања на идеите. Европската унија не е совршена, процесот на проширување не е лесен, а иднината генерално не е права линија.

„Ако, сепак, се водиме од некоја идеја, постојат работи што можеме да ги направиме за нашата сегашност, но и да ја обликуваме иднината во согласност со идеалите кон кои се стремиме“, оцени таа.

Брегу истакнува дека граѓаните од регионот имаат одлични идеи, што се покажа и со нивното учество на натпреварот „Балкатон“, организиран од Регионалниот совет за соработка, каде што презентираа нови, дигитални и иновативни решенија кои ќе му користат на регионот.

„Во Западен Балкан има многу позитивни примери на девојки во науката, технологијата, инженерството и математиката, жени претприемачи и успешни млади луѓе, кои ги следиме и забележуваме и секогаш сме тука да ги промовираме“, рече Брегу.

Со поддршка на регионалната коалиција за работни места и вештини, регионот ќе се погрижи компаниите да развиваат и да ги задржуваат талентирани луѓе од Западен Балкан, се со цел регионот да стане место каде младите имаат причина да останат, но и причина да се вратат.

„Тирана од вчера и официјално е европска престолнина на младите и тоа е голема чест, одговорност и можност да ја обликуваме иднината на градот и нашиот регион во срцето на Европа“, рече Брегу.

На прашањето што треба прво да се направи, најголем дел од младите вклучени во процесот го посочија истото, а тоа е да се вклучат во креирањето на конкретни промени, особено во однос на образованието, вработувањето и животната средина.

„Западен Балкан е полн со млади жени и мажи со идеи, интелигентни, талентирани, кои зборуваат неколку јазици, храбри и самоуверени, врвни во спортот и уметноста. Тие не се сиромашни роднини на Европејците. Итно треба да се преиспитаме, обновиме и повторно да ја рекреираме реалноста со која младите сакаат да се носат, заклучува Брегу.

АВТОРКИ ТЕКСТ ЕУ МАЈЛИНДА БРЕГУ млади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.