НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Тренчевска: Најстарата градинка во Струмица, „Детска Радост“, сега може да згрижи 157 деца

0
By НОВА ТВ Balaban on February 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина ми претставува задоволство што денеска можам да најавам дека првата и најстара градинка во Струмица „Детска Радост“, објектот 2 го проширува капацитетот за прием на нови 57 деца. Со тоа, оваа градинка, досегашниот капацитет од 100 деца го зголемува на 157, рече министерката Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска  ја посетија детската градинка „Детска Радост“, од оваа општина, која што го прошири капацитетот за дополнителни 57 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постојниот објект.

„Навистина ми претставува задоволство што денеска можам да најавам дека првата и најстара градинка во Струмица „Детска Радост“, објектот 2 го проширува капацитетот за прием на нови 57 деца. Со тоа, оваа градинка, досегашниот капацитет од 100 деца го зголемува на 157,“ рече министерката Тренчевска.

Таа рече дека за изведувањето на градежните работи и опремување на градинката, Министерството од Буџетот има обезбедено средства во износ од 17 милиони денари  како  дел од Програмата за изградба, опремување  и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година. Со доградбата, градинката добива 4 нови простории, од кои две (2) јаслени занимални  и две (2) занимални во кои ќе бидат сместени  деца од 2-4 години.

Министерката Тренчевска информираше и дека во Општина Струмица  во завршна фаза е и изградбата  на нова детска градинка со капацитет за 307 деца која се гради согласно Проектот за подобрување на социјалните услуги, со поддршка на  Светска Банка. Како и дека двете градинки заедно значително ќе го зголемат опфатот на нови деца. Тоа се над 360 деца на кои им се овозможува квалитетно предучилишно воспитание и образование.

Според градоначалникот на Општина Струмица, Костадинов, континуираните ангажмани за проширување на капацитетите на постојните градинки, како и изградбата на нови, значат премногу за општина Струмица и нејзините граѓани.

Тој изрази благодарност до Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска за заложбата и реализација на новиот објект-детска градинка и  уверување дека, активностите ќе продолжат и во иднина, затоа што најмладите струмичани се врвен приоритет.

„Детска Радост“ детската градинка Јованка Тренчевска капацитетот Костадин Костадинов прошири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.