Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Минимална плата од 18.000 денари и поддршка за компаниите, ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи законите

0
By Biljana on February 8, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 8, 2022 12:02

Само со усогласување, според проекциите, минималната плата до 2026 година ќе изнесува 22.000 денари.

Потпретседателот на СДСМ Фатимир Битиќи го поздрави вчерашниот успех на сите социјални партнери преку дијалог, кој за прв пат се случува во нашата држава да се стигне до минимална плата од 18.000 денари, како и креирањето методологија за усогласување на минималната плата, според која минималната плата никогаш нема да биде помала од 57% од просечната плата.

„Најголем успех е дијалогот, во 2017 година заврши ерата на еднострани решенија, влезени сме во демократско општество, во процеси каде само дијалогот дава решенија кои што се прифатливи за секоја една страна, порача Битиќи. Тој потенцираше дека минималната плата никогаш повеќе нема да се врати на ниво од 9.000 денари, колку што беше во 2016 година.
Ние никогаш нема да се вратиме на тоа ниво од 2016 година, кога минималната плата имаше удел од 38% од просечната плата. Поставувањето на прагот на уделот на минималната плата во просечната од 58% на секој работник му гарантира дека минималната плата нема да падне“, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

Тој нагласи дека со ова се креира механизам за извлекување од прагот на сиромаштија на граѓаните, кои примаат минимална плата, а беа оставени така наназад со години, додавајќи дека само со усогласување, според проекциите, минималната плата до 2026 година ќе изнесува 22.000 денари.

„Мораме да креираме правични и праведни решенија, мораме да се бориме овие луѓе еднаш засекогаш да ги извлечеме од прагот на сиромаштија и да добиваат достоинствени плати“, рече Битиќи.

Во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат амандмани за платите во јавниот сектор, Битиќи порача дека тоа е веќа содржано, да не се грижат од ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите, сите плати треба да се усогласат, бидејќи законите се носат да обезбедат правичност и праведност.

„Убаво ќе беше пред една година да го изгласаат законот за наставници и стручни соработници, во кој е инкорпорирано усогласување на платите и затоа што е закочен од нивните пратеници, вработените во овој сектор не земаат зголемени плати“, нагласи Битиќи.

За критиките на опозицијата дека зголемувањето на минималната плата ќе им нанесе штета на компаниите Битиќи рече дека токму за да не биде целиот терет на работодавачите државата излегува со помош за микро и малите компании.

„Лесно е да зборувате, ако не сте на место на 78.646 сограѓани кои примаат минимална плата од 15.000 денари, и да најавувате крај на економијата, но анализите не го покажуваат тоа“, порача потпретседателот на СДСМ Фатимир Битиќи.

минимална плата Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.