НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеникот Јован Митрески повикува на дијалог: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието, чекаат 40 суштински закони

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
 
Пратеникот на СДСМ Јован Митрески за „Утрински брифинг“ истакна дека состојбата во Собранието, не само во врска со именувањето на нови уставни судии на испразнетите места, туку и за низа други прашања се должи на тоа што формирањето на новото мнозинство не е пресликано во собраниските тела и комисии.
– Имаме седум комисии, меѓу кои комисијата за избори и именувања, комисијата за одбрана, за локална самоуправа каде што мнозинството не соодветствува на она што е вистинско мнозинство во Собранието, нагласи Митрески, додавајќи дека според се што важело досега, постојат коефициенти, кои ги изработуваат собраниските служби и таму стои која пратеничка група колку членови и заменици членови има во кое тело, вели Митрески.
Тој нагласи дека ова што во моментот се случува, особено во изминатите две недели, фактички е блокирање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека оваа ситуација ќе биде надмината низ разговори на пратеничките групи.
– Даваме, се уште можност на разговори, имаме начин тоа да го направиме поинаку, но внимаваме да не го предизвикаме тоа што го очекува опозицијата, нагласи Митрески.
Тој истакна дека во изминатата 1,5 година се поминати и усвоени околу 940 точки и закони на парламентот, но има 30-40 закони кои се суштински, а кои опозицијата ги блокирала.
– За минималната плата очекуваме предлог за зголемување на 18.000 денари, ама од страна на опозицијата слушаме дека бараат да се нивелира покачувањето на платата и низ другите сектори, а од друга страна во Собранието од  19.04.2021 година има Закон за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се коригира со пораст на минималната плата, кој опозицијата го блокира, истакна Митрески.
Тој рече дека блокирањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, пред се пред локалните избори се должеше на тоа што сакаа да покажат неуспешност, нефункционалност на Владата, а не ја исклучи можноста дека можеби сакаат да предизвикаат некаков инцидент, и додаде дека СДСМ гледа низ разговор да ги помине сите работи што се блокирани во Собранието.
Во врска со инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори, Митрески истакна дека причина за тоа е да ја покријат неспособноста и лажењето на граѓаните, од страна на нивните градоначалници, кои ветуваа многу, а еве сега веќе е избришан и сајтот каде беа програмите на градоначалниците.
– Притисокот за брзи избори е да го прикријат ова, но избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин, порача пратеникот на СДСМ Јован Митрески за „Утрински брифинг“.
јован митрески СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.