НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк

0
By Biljana on February 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) бараат од Владата скалестото зголемување на сите плати во јавниот сектор да се усогласи со растот на минималната плата.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека со новата вредност на минималната плата, една цела група вработени во администрацијата кои досега беа малку над минималната плата сега да примаат само минимална плата, посочувајќи дека со тоа процентот на вработени кои примат минимална плата на државно ниво од 13,8 проценти ќе се зголеми на скоро 18 проценти. Доколку Владата, ги почитуваше сопствените закони и вршеше усогласување на платите со порастот на минималната плата, како што е предвидено во членот 8 од Законот за минималната плата до ваквата состојба воопшто немаше да дојде, велат од УПОЗ.

„Во администрацијата и правосудството системот на плати е базиран на бодови кои се добиваат по два основа. Бодови за образование и бодови за ниво за кое е распореден вработениот. Доколку не се спроведе скалесто зголемување на платите ќе се случи вработените од пониските нивоа да ги престигнат вработените од повисоките нивоа, или вработените со средно образование да ги престигнат вработените со високо образование“, изјави Деаноски.

Едно од клучните барање на УПОЗ упатено до Владата е заедно со измената на Законот за минималната плата во скратена постапка да се направат измени и на посебните закони кои ги регулираат платите на вработените во  администрацијата и правосудството на начин што вредноста на минималната плата да се земе како основ на плата и сите вработени да имаат одредени бодови за ниво. На овој начин, според нив, ниту еден вработен во администрацијата не би бил на минимална плата и прв пат во историјата ќе имаме усогласување на платите со минималната плата во администрацијата и правосудството. Во спротивно, тие најавија дека ќе бидат приморени да ја активираат одлуката донесена во ноември и незадоволството на вработените да го изразат преку протести или преку други форми на притисок за други форми на штрајк.

Оттаму додаваат дека од моментот на воведување на минималната плата во 2012 година, па до последното зголемување во понеделникот минималната плата ќе се зголеми за неверојатни 120 проценти, а платите во администрацијата и правосудството од 2012 година досега се зголемени за 9 или 10 проценти. Исто така, во последните години со политиките на Владата во одредени сектори на јавниот сектор платите се зголемени дури до 25 проценти, а платите во администрацијата и правосудството не се зголемија ниту еднаш, посочи Деаноски.

минимална плата УПОЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.