НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ, туку засилувач на европската идеја на Балканот ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се обрати на отворањето на тркалезната маса на тема „Економска интеграција на Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата Отворен Балкан“.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање на настанот, на кој беа презентирани резултатите од истражувањето „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата Отворен Балкан“, што го реализираа тинк-тенк организацијата Аналитика и Фондацијата Отворено Општество Македонија, истакна дека анализата нуди сеопфатна слика за состојбата на регионалната соработка во регионот од аспект на четирите слободи и тоа – слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал, што ги мапира клучните чинители за зајакнување на соработката во рамки на „Отворен Балкан“.

„Истражувањето на Аналитика и Фондацијата Отворено Општество Македонија потврдува дека компаниите имаат позитивно мислење за иницијативата за соработка Отворен Балкан. Гледаат на оваа иницијатива како нова можност за подобрување на работењето на нивните компании“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека овој извештај веднаш ќе го сподели со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама, како одличен податлив инпут за претстојниот Самит на Отворен Балкан кој ќе се одржи во Охрид пролетва.

Во таа насока претседателот на Владата Ковачевски укажа на вредноста на првите договори и меморандуми што беа потпишани во Тирана во декември 2021 година: Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан и Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

Со овие договори, рече Ковачевски, им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

„Иницијативата „Отворен Балкан“ отвори можности за поврзување и за окрупнување пазар до кој имаат пристап сите во регионот. Ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни, посилни и уште повеќе подготвени за натамошен развој. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме“, потенцираше Ковачевски и дополни дека на „Отворен Балкан“ треба да се гледа како на нешто што е вообичаена и нормална пракса во ЕУ врз основа на заедничкиот договор на нејзините земји членки.

Премиерот Ковачевски истакна дека „Отворен Балкан“ не е замена за ЕУ туку засилувач на европската идеја на Балканот и катализатор на регионалната соработка според европски стандарди, и како таков е за доброто на целиот регион, за сите земји од Западен Балкан.

„Сите останати земји од регионот имаат отворена, јавна, директна и недвосмислена покана да се придружат. Ги охрабруваме сите од Западен Балкан заедно да придонесеме да имаме економски развиен регион, без пречки, без ограничувања, прилагоден целосно на потребите на нашите народи“, нагласи претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Во завршницата тој укажа дека ова истражување покажува дека „Отворен Балкан“ е на вистинската патека и дека податоците од него помагаат препораките да бидат преточени во конкретни акции, планови и резултати.

Димитар Ковачевски истражување Аналитика отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.