На 08.02.2022 околу 20.40 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај с. Кукуричани, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино дале знак за запирање на патничко возило „форд мондео“, но возилото не застанало. Во близина на Градско, возачот застанал и го напуштил возилото, а при преглед во возилото биле пронајдени осум лица – мигранти од Сомалија, од кои едно малолетно лице.
Мигрантите биле сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик.