Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скринингот за ковид-19 во училиштата сѐ уште без конкретен датум

0
By Mirjana on February 14, 2022 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat TV
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 14, 2022 11:38

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири нема информација кога ќе почне скринингот на учениците, меѓутоа вели дека процесот е во тек и најверојатно ќе се реализира во следниот период.

– Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска има состанок, сигурно во наредниот период може да го организираат и скринингот. Нема никаква информација денеска кога почнува, изјавил  Шаќири.

Важно е, вели тој, дека процесот е во тек и оти со добрата комуникација, децата веднаш по пројавување симптоми не одат на училиште.

– Сега сме во другата фаза во образовниот процес и мислам дека сите со добра соработка ќе може да ја поминеме и новата варијанта на вирусот и да дојде крајот на омикрон во нашата земја, рече Шаќири.

Прашан зошто учениците од државната математичко-информатичка гимназија се на онлајн настава и добиле информација дека училиштето нема затоплување, министерот вели дека добил ветување дека за најбрзо време ќе се реши овој проблем.

– Делот на образованиот процес се менаџира и од локалната власт, во конкретниот случај во директна комуникација се Градот Скопје со ова училиште, рече Шаќири додавајќи дека како министер ја разбира целата ситуација со училиштето и се разгледуваат сите можности истото да се поврзе преку БЕГ за да се избегне оваа проблематика.

Други вакви проблеми, како што рече, нема. Посочи дека во петокот имал состанок со градоначалниците и оти никој од присутните на средбата не се пожалил за проблем од технички аспект.

без датум Ковид-19 скринингот училиштата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.