Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска- Паолучи: Светска банка е партнер и голем поддржувач особено во време на Ковид -19

0
By Biljana on February 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 14, 2022 14:57

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Светска Банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.

На средбата се разговарало за имплементацијата на „Проектот за итен одговор на состојбата со КОВИД-19“ во Северна Македонија со цел да се помогне во намалување на локалната трансмисија на КОВИД – 19 и да ја зајакне подготвеноста на земјата во време на пандемија. Како и обезбедување на поголема заштита на граѓаните од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети и обезбеди социјална помош за најранливите категории на граѓани во земјата.

Министерката Тренчевска истакнала неколку важни точки кои се опфатени со проектот, како реновирањето на вакциналните пунктови кое е во тек, обезбедувањето на лекови за Ковид 19, и вакцини за имунизација на граѓаните, обезбедување на дополнителна опрема и можност за пренасочување на средства за ранливите категории на граѓани. Притоа, ја истакна неопходноста од продолжување на проектот, со цел завршување на започнатите активности, земајќи во предвид дека тој завршува во Јуни 2022 година.

На состанокот се дискутирало и за новата „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот. Било истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, затоа што структурните реформи во оваа област се од големо значење. Министерката Тренчевска истакнала дека фокусот на Министерство за труд и социјална политика особено во услови на пандемија се ранливите категории на граѓани.

„Социјалната реформа во време на Ковид 19, потврди дека се движиме во вистинска насока во правењето промени во општеството, преку поддршката на ранливите категории на граѓани. Целосното воведување на кејс менаџментот, усогласувањето на систематизацијата во центрите, изработката на индивидуалните планови за корисниците и нивна активација на пазарот на труд, како и поактивна работа на социјалните работници на терен се целите на кои ќе работиме периодот кој следува,“ рече Тренчевска.

На средбата станало збор и за неопходноста од промените во пензискиот систем, односно промена во методологијата за усогласување на пензиите. За што од страна на директорот на Светска банка, била понудена експертска поддршка, со цел воспоставување на систем, праведен за пензионерите со цел подигнување на нивниот животен стандард.

Министерката ја потенцирала одличната соработка со Светска банка во делот на предучилишното образование и воспитување, социјално ранливите категории, младите лица, но и во поддршката на старите лица преку воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата.

МТСП Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.