Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид доби неврохируршки микроскоп.
Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп со кој лекарите ќе може да вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, објави на својот профил на Фејсбук, неврохирургот Венко Филипче.
Според Филипче, овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле.
„Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати. На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување“, пиша Филипче.