Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Викерс: Засилена економска дипломатија помеѓу С.Македонија и Обединетото Кралство

0
By Biljana on February 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 16, 2022 11:48

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска остварил средба со специјалниот претставник на Премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс.

На средбата министерот Османи ја поздравил континуираната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот.

Османи се осврнал на исклучителната соработка на економски план помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

„Додека личната заложба на Викерс преку неговиот ангажман и посети кои ги реализира во регионот, ќе бидат движечката сила за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу двете земји во насока на унапредување на големи проекти не само во Северна Македонија туку и во регионот како што е патната и железничкото поврзување, потоа проекти за обновлива енергија, потенцирајќи го значењето на зелената агенда во билатералната соработка го потенцираше интересот за инвестирање во полето на менаџирањето на отпадот и на отпадните води“, информираат од МНР.

Воедно министерот Османи предложил двете страни да усогласат Акционен план за дејствување за 2022 година и понатаму, кој ќе служи како рамка за практично спроведување на сите наведени проекти. Во духот на соработката на економски план било истакнато значењето на новиот концепт на економска дипломатија која го спроведува МНР и била упатена отворена покана за посета на ОК со цел размена на искуства на стручните тимови на двете Министерства во насока на отварање на нови пазари за македонските производи со акцент на земјите од Комонвелтот и Далечниот исток каде ОК има традиционални долгогодишни трговски врски.

Мартин Викерс, претставникот на премиерот на Обединетото Кралство- Борис Џонсон, заблагодарувајќи се на одличната соработка, најавил скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји во најскоро време при што го истакна значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Воедно повторил дека влезот на британски “know how” и компании кои имат искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мошне мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот, да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.

Бујар Османи МНР Обединетото Кралство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.