НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

59 работодавачи не ги почитувале одредбите за работа во недела – 11 од нив добиле и парични казни

0
By Biljana on February 18, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засилени вонредни контроли на Државниот инспекторат за труд за фирмите кои работат во недела.

59 работодавачи за месец и половина биле санкционирани поради непочитување на одредбите од Законот за работни односи за работа во недела кој стапи на сила на 1 јануари, откриваат за НоваТВ од Државниот инспекторат за труд. 11-мина од прекршителите добиле и забрана за работа во траење од 15 дена и глоби за непочитување на Законот за трговија.

„Изречени се 48 инспекциски мерки – опомена, за работодавачи кај кои согласно член 134 став 3 работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко – технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата и истите се должни пред започнувањето на работата да го известат Државниот инспекторат на труд, а истото не го сториле“, велат за НоваТВ од Инспекторатот.

Дежурните иснпектори од први јануари со сега спровеле над 270 вонредни иснпекциски надзори, а најчесто биле „чешлани“ субјекти кои се занимаваат со трговија на мало и угостителство, велат од Државниот инспекторат на труд.

„Извршени се инспекциски надзори и во дејностите транспорт, производство, земјоделие, производство на леб и бели печива, услужни дејности (во кои спаѓаат игрите на среќа) и други. За време на забраната за работа работодавачот е должен на работниците да им исплатува надоместок на плата во висина од исплатената плата по работник за претходниот месец и придонеси од плата и за време на забраната не смее да го намали бројот на вработени“, велат од Инспекторатот.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска пред два дена, во одговор на новинарско прашање посочи дека инспекторите до крајот на овој месец ќе вршат увид кои од работодавачите не го испочитувале Законот и не исплатиле додаток за работа во недела на работниците, а фирмите прекршители ќе бидат јавно објавени на веб страницата на Државниот инспекторат за труд.

Вработени во компанијата РЕК Битола веќе се пожалиле во матичниот Синдикат дека со јануарската исплата не им бил платен додаток за работа во недела во висина од најмалку 50 проценти од дневницата за работен час. Од компанијата, за НоваТВ ја потврдија информацијата дека не исплатиле надомест, но се правдаат оти чекале автентично толкување на неколку членови од Законот од Кабинетот на претседателот.

Во меѓувреме и Синдикатот на културата обелодени дека вработени во службите за обезбедување, како и билетопродавачи, водичи и други работни позиции од неколку Национални установи од Скопје и внатрешноста, кои минатиот месец работеле во недела, не го добиле законски утврдениот додаток за одработениот ден.

(Б.Божиновска)

Државен инспекторат за локална самоуправа МТСП. Недела недела неработен ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.