На 29 ноември 1944 година во завршницата на февруарскиот поход третата борбена група составена од еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ под команда на главниот штаб на македонската војска , во Кумановско го разбиле вардарскиот четнички корпус , посочуваат од ВМРО – Народна партија на Љубчо Георгиевски.
„ Тоа дотогаш била една од најголемите битки и најголема победа во која помалубројните партизани разбиле единица од 800 македонски четници. На тој начин му било ставено крај на движењето на македонските четници кои до 1943-та година биле многу побројни и од македонските партизани“ се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-НП предлагаат годинава оваа битка од Втората светска војна да биде одбележана на државно ниво, затоа што, како што велат, никогаш во овие 78 години и се немало дадено државно значење и одбележување.